Во Канда откриено село постаро и од пирамидите во Гиза

Археолошки тим, поддржан од Институтот Хакаи во Канада откриле древно село старо 14.000 години.

Пронајдените парчиња јаглен од древно огниште, како и јадици за риби, копја, камени алатки, рачно изработени орудија за потпалување на оган, покажуваат дека областа каде се откриени е една од најстарте човечки населби откриени во Северна Америка. Селото е постаро од стариот Рим, па дури и до пирамидите во Гиза.

Досега беше општо прифатено мислењето дека луѓето  ја населиле Америка преку копнен мост кој ги поврзувал териториите на сегашен Сибир и Алјаска, пред околу 13.000 години.Меѓутоа, според некои неодамнешни студии, на овој пат немало доволно ресурси за да би можеле луѓето што мигрирале  да го поминат. Затоа,некои  истражувачи велат дека луѓето влегле во Северна Америка по должината на морскиот брег.Новото откритие потврдува дека постоел и друг пат.

Откритието ги поткрепува преданијата на народот Хајлсук кој со векови го населувал подрачјето на денешна Канада.

Според тие преданија, предците на овој народ го преживеале леденото доба живеејќи покрај делот од крајбрежјето кој не замрзнувал.

Triquet Island

Откритието е претставено на годинешниот состанок на Здружениото на американските археолози.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.