Облакодер што виси од небо прикачен на астероид

Една архитектонска фирма од Њујорк претстави облакодер што  „виси“ од небо.Тоа би требало да биде најголемата зграда што некогаш е направена.

Кулата наречена Аналема- идејно решение на фирмата „Clouds Architecture Office“, би требало да виси од астероид кој кружи на висина од 50.000 километри над површината на Земјата.

How the building would fasten to its asteroid base. 

За астероидот кулата ќе биде закачена со исклучително цврст кабел. Кулата би се  движела  по патека во вид на бројот осум помеѓу јужната и северната хемисфера, така што жителите на кулата за 24 часа би ја поминале целата планета.

Во подолните делови од кулата ќе бидат сместени деловните простории, додека стамбените единици ќе бидат лоцирани во погорните делови, а жителите ќе имаат на располагање и градина.

Напојувањето со струја ќе биде со помош на огромни соларни панели, кои ќе бидат постојано изложени на сончева светлина, додека водата би се обезбедувала  од облаците и  дождовницата, преку систем за рециклирање.

Во плановите не се прецизира како луѓето би се качувале и симнувале од кулата, но на една од илустрациите се гледаат падобрани кои се спуштаат на Земјата.

The concept art suggest residents would parachute from the building

Жителите на овој облакодер, се разбира  би требало да носат вселенски одела за излегување надвор, бидејќи на таа височина владеат услови слични на вакуум и температура од околу минус 40 степени Целзиусови.

Бидејќи кулата ќе биде во воздух, таа би можела да се изгради било каде и да се пренесе на конечната локација.

Иако многумина се сомневат дека ова е изводливо, во  „Clouds Architecture Office“ веруваат дека овој концепт не е  научна фантастика и дека всушност НАСА најавила мисија за „фаќање“ на астероид веќе во 2021 година.

( Кој ли ќе ги брише прозорите?)

Поддржете ја нашата работа: