Во постудените предели живеат повеќе алкохоличари

Кога некој би ве прашал каде мислите дека живеат повеќе алкохоличари, во топлите или студените предели што би одговориле по интуиција?

Најверојатно повеќето би погодиле. Тоа го потврдува и новата студија.

Имено, според тоа ново истражување, излегува дека луѓето кои живеат во области со постудена клима пијат многу повеќе алкохол од оние кои живеат во потопли предели.

Американските научници така ја откриле поврзаноста помеѓу просечната температура на воздухот, бројот на сончеви часови и конзумирањето на алкохол. Анализирале податоци од вкупно 193 земји и воочиле доста занимливости.

Секогаш постојат повеќе случаи на алкохолизам и болести на црниот дроб во постудените климатски области. Шкотските лекари од таа причина ги повикале властите да ги намалат рекламите за алкохолни пијалоци во текот на зимските месеци.

Експертите во своите истражувања употребувале податоци од СМО – Светската метеоролошка организација, и СЗО – Светската здравствена организација. Студијата е објавена на веб страната на списанието Hepatology.

“Ова е прва таква глобална студија која укажува на тоа дека луѓето кои живеат во постудени области пијат количински повеќе алкохол”, вели лидерот на истражувањето Рамон Баталер.

Во студијата учествувал и докторот Петер МекКан, советник во болницата Castle Craig Hospital, која е шкотски центар за рехабилитација на зависници од алкохол и дрога.

“Сега имаме докази дека студеното и темно време влијае на количината на консумирање алкохол. За жал, ова е исто така поврзано со поголемите шанси за развој на цироза на црниот дроб, една од најопасните болести кои го зафаќаат тој орган”, објаснува Мекан.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.