Водачите на технолошките компании во САД реагираат на одлуката на Трамп

Доналд Трамп, веќе во првата недела од своето владеење повлече неколку од  најавуваните и контроверзни потези, а оној што најмногу  и пречи на ИТ индустријата се однесува на имигрантската политика.

Имено, Трамп потпиша одлука со која  им се забранува влез во САД на сите државјани на Сирија, Иран, Ирак, Сомалија, Судан и Јемен. Забраната се однесува дури и за лицата што имаат работна виза , од кои многумина работаат во технолошките компании во САД.

На ваквата избрзана одлука веднаш реагирале  генералните директори на сите големи ИТ компании, а подолу ви  пренесуваме неколку од реакциите.

Извршниот директор на  „Apple“, Тим Кук, на вработените им испратил e-mail, во  кој истакнува дека управата цврсто верува во разноликоста и важноста на имигрантите. Тој вели дека компанијата ќе им пружи подршка на сите вработени, кои заради ваквата политика ќе имаат проблеми.

Сундар Пичаи, директорот на „Google“, изјавил дека е болно да се видат сите лични последици што ова ќе ги предизвика кај нивните вработени. „Google“ веднаш повикал околу стотина свои вработени да се вратат во САД пред  да им биде забранет влезот. Ко-основачот на компанијата Сергеј Брин (и самиот имигрант и бегалец), дури и се приклучил на протестите на аеродромот во Сан Франциско.

Шефот на Нетфликс, Рид Хејстингс, го окарактеризирал потегот на Трамо како „болно неамерикански“.

Илон Маск ( Тесла, Спејс Икс), напиша на Твитер дека луѓето кои се погодени од оваа одлука не заслужуваат таков третман и дека тие се  големи пријатели на САД.

Џек Дорси (Твитер) напишал  дека последиците од ваквата забрана се вознемирувачки и дека сите имаат корист од имигрантите и од она што тие го носат во САД.

Директорот на Убер, Тревис Каланик, порачал дека забраната влијае на многу невини луѓе и дека компанијата ќе им помогне на сите свои возачи кои заради оваа одлука „заглавиле“  надвор од земјата. Тој, исто така порачал  дека  околу ова ќе разговара со Трамп  идниот петок,  на првата средба на групата што би требало да го советува претседателот, каде што  и тој припаѓа.

Протестите веќе започнаа

Prosvjedi su već počeli

Поддржете ја нашата работа: