Иако на прв поглед ова звучи како измислен наслов, и иако секој нормален човек би помислил дека ова е невозможно да му помине незабележано на гигант како „Google“, а и на сите медиуми, посебно кога се наведува и наводната поддршка на Доналд Трамп, сепак вистината е поинаква и лажниот „Google“ постои и може да се посети.
Таканаречениот лажен „Google“ го откри тимот на интернет порталот „Thenextweb.com“ кој забележал чуден трафик на нивниот аналитикс.
Разликата меѓу обичниот „Google“ и лажниот е во првата буква на домејнот. Домејнот на вистинскиот „Google“ е „google.com“, а на лажниот „ɢoogle.com“, ова што наликува на буквата G e всушност уникод симбол за мало Г на латиница.
Иако сите ќе ве предупредат да не го посетувате сајтот бидејќи може да е полн со вируси, наш предлог е ако веќе го посетите за да се уверите дека постои не кликајте на ништо на сајтот каде ќе бидете редиректирани.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























