Војна на ѕвездите руши рекорди

Филмот Војна на ѕвездите го сруши претходниот рекорд на заработка од прикажување за време на првата премиерна вечер, рекорд кој со заработка од 43,5 милиони долари го држеше едно од продолженијата на Хари Потер.

Новиот рекорд според експертите од филмската индустрија е 57 милиони долари и се очекува филмот да заработи преку 200 милиони долари само во Америка и Канада за време на викендов.

Експертите со сигурност тврдат дека на светско ниво треба да заработи преку 2 милијарди долари (2.000.000.000 $) и е можно да стане најпродаваниот и најпрофитабилниот филм на сите времиња.

Замислете што значи ова за една економија каде што само еден филм може да генерира профит колку годишните буџети на голем број држави.

Поддржете ја нашата работа: