Задржете го здивот додека сте на радиотерапија

 

Новото истражување од Универзитетот „Томас Џеферсон“ покажува дека жените што можат да го задржат здивот за време на зрачењето, можат во голема мерка да ја намалат изложеноста на срцето на радијацијата.

Неодамнешните истражувања покажале  дека жените со рак на левата дојка се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања и дека ризикот се зголемува пропорционално со дозата на радијација на којашто е изложено срцето за време на третманот. Досега се развиени многу техники со цел да се намали изложеноста на  срцето, меѓу кои и проно положбата (кога пациентката лежи на стомак, а изложена е само левата дојка), потоа радио терапија со модулиран интензитет (IMRT) и забрзано парцијално зрачење на градата. Техниката со задржување на здивот им овозможува на докторите да го следат дишењето на пациентката до моментот кога срцето се наоѓа во положба која е надвор од опсегот на радијацискиот зрак.

Во најголемото истражување досега, следени се жени во текот на 8 години по завршувањето на третманот. На 81 од жените им било речено да го задржат здивот додека не била постигната терапевтската доза. Истражувањето покажало дека жените кои можеле да го задржат здивот за време на третманот имаат 90 процентни шанси да се излекуваат од ракот, а 96 процентни шанси за да преживеат (со намалување на дозата на радијација на срцето за 62%) Овие наоди се објавени во „online“ изданието на „Practical Radiation Oncology“

„Со оглед на тоа дека задржувањето на здивот помага за да се заштити срцето за време на терапија со зрачење кај ракот на дојка, на Џеферсон редовно се применува оваа техника“, велат истражувачите од Универзитетот Џеферсон.

Во натамошното истражување истражувачите се фокусирале на тоа да одредат дали заштитата од дополнителна радијација го намалува ризикот од исхемична болест на срцето. Резултатите покажале дека кај истата група на пациенти кои го задржувале здивот за време на терапија со зрачење, после 8 години, колку што биле следени, застапеноста на исхемичната болест на срцето била само1,4 проценти, а проценката е дека после 10 години би била 3,6 проценти.

Поддржете ја нашата работа: