Ние секојдневно ги користиме магнетите во нашите автомобили, во компјутерите – но веројатно ретко размислуваме колку извонредни трикови може да се изведат со нив.
Еден таков трик, му претставува младиот љубител на науката Герет на Дестин во видеото на „Smarter Every Day“, каде ако наредите магнети и едниот од нив го завртите, сите останати ќе потскокнат и ќе се спојат.
Но, ако ова изгледа импресивно, погледнете какви „магии“ можат да се направат со новиот вид магнети, наречени полимагнети.
Познато е како конвенционалните магнетите имаат северна и јужна страна, но, полимагнетите се печатени со индивидуализиран модел каде и северот и јужниот дел се НА ИСТАТА СРАНА.
Тоа значи дека, ако кај конвенционалните магнети има едноставно магнетно поле кое кружи од северниот до јужниот пол, полимагнетите може да создаваат секаков вид на комплексни магнетни полиња, со само еден магнет.
Од научен аспект е многу полесно ова да се разбере кога ќе го погледнете видеото, но во основа, полињата изгледаат нешто слично како на сликата подолу, каде на левата страна е прикажан конвенционален магнет, а на десната страна два различни типа на полимагнети.
Ова изгледа многу возбудливо, но реално, овие магнети се толку нови, што ова е само почеток на сознанијата за што сѐ се способни и каде сѐ може да најдат примена.
Покрај тоа, полимагнетите се многу евтини и можат да најдат извонредна примена за медицински истражувања, како и во физиката и хемијата.
Погледнете го ова возбудливо видео, што ја прикажува оваа, како што објаснува Дестин „Технологија која е фундаментален чекор напред во индустриското производство“.