Запознајте го најголемиот гуштер на светот

Комодскиот змеј е најголемиот жив гуштер на светот. Тој се карактеризира со масивна големина, рамна глава, закривени нозе и дебел опаш. Неговото име потекнува од приказните според кои некое суштество што личело на змеј порано живеело на индонезискиот остров Комодо. Локалните жители го нарекуваат „ора“ или „земјен крокодил“.

Според Националниот зоолошки парк на Смитсонијан, просечната должина на овој гуштер се движи од 2,4 до 2,7 метри, иако можат да достигнат и неверојатни 3 метри. Женките растат до 1,8 метри. Просечната тежина изнесува околу 90 килограми.

Се среќава во различни бои, вклучувајќи сина, портокалова, зелена и сива. Неговата кожа е груба и издржлива, засилена со коскени плочки наречени остеодерми. Има долги канџи и голема мускулеста опашка.

Се карактеризира со добар вид – може да види објекти на далечина од 300 метри. Овој гуштер исто така е и прилично брз – може да достигне брзина до 20 км/час, но само на кратки растојанија и преферира да лови мирно, односно да чека додека пленот не му се најде на ппатот, иако тоа може да трае со часови.

32A266D200000578-0-image-a-33_1459240817109

Сетилата за мирис и вкус му се главни детектори на храната. Тој го користи својот чаталест јазик за да го тестира воздухот и потоа со јазикот го допира горниот дел од устата каде што посебни органи ги анализираат молекулите во воздухот. Ако левиот врв на јазикот има поконцентриран „мирис“, тогаш гуштерот знае дека пленот му се приближува од лева страна.

Се храни со месо и е многу жесток ловец поради што може да јаде многу голем плен, како на пример биволи, елени, свињи, па дури и луѓе. Исто така јаде и помали гуштери од својот вид. Според „National Geographic“, еден комодски земј може да изеде до 80% од својата тежина на едно јадење.

Овие гуштери се многу ретки и се наоѓаат во дивината на само пет острови – Малите сундски острови на Комодо, Ринка, Гили Мотанг и Гили Дасами – сите во рамките на националниот парк Комодо, и островот Флорес каде што овој гуштер се движи слободно.

015556700_1432799112-7_pulau_komofo

Нивните живеалишта се движат од тропски суви шуми до листопадни монсунски шуми, но без разлика каде живеат, тие сакаат ектремна топлина. На островите на Индонезија температурата обично се движи околу 35 степени Целзиусови со 70 процентна влажност на воздухот. Живеат во дупки кои ги копаат или едноставно ги пронаоѓаат, и кои имаат двојна намена – во текот на ноќта ги топлат, во текот на денот ги ладат.

Можат да се репродуцираат и сексуално и асексуално (асексуална репродукција значи создавање на потомство без помош на спротивниот пол). Кога бебињата гуштери ќе се родат, тие се само околу 30 см долги и веднаш бегаат на дрвјата за да не ги изеде мајката или пак другите поголеми гуштери. Кога ќе наполнат 4 години и ќе достигнат 1,2 метри се враќаат да живеат на земјата. Оние кои ќе преживеат ги чека долг живот – еден комодски змеј може да живее и повеќе од 30 години.

Овие гуштери не спаѓаат во групата на загрозени видови, но се смета дека се прилично ранливи. Светската фондација на животните проценува дека нивната популација брои 6.000 единки во дивината.

Поддржете ја нашата работа: