Кога некој не нервира, велиме дека од мака би можеле да „излеземе од сопствената кожа“, а сега е откриен нов вид на гуштер кој буквално го прави тоа за да си го спаси животот.
Во една студија, истражувачите го претставиле наеодамна откриениот вид на гуштер кој може да побегне од опасноста така што буквално излегува од кожа.
Преживувањето во природата е комплицирано, но новооткриениот геко гуштер развил генијален трик кој му помага да се извлече од цврстиот стисок на предаторот.
Гуштерот наречен Geckolepis megalepis ги соблекува своите лушпи и кожа исто како јакна кога ќе се соочи со закана. Тоа за гуштерот не е болно бидејќи неговата кожа се регенерира за неколку недели и не му остава никакви лузни.
Дефанзивната тактика на ова необично животно, под неговата кожа открива проѕирно розевкаста боја, кога ја соблекува кожата му се гледаат дури `рбетот и крвните садови.
“Изгледа како риба додека не го фатите, а потоа се менува налик голо пиле. Тоа е бизарно, навистина чудно и прилично невкусно суштество,” вели Марк Д. Шерц од Универзитетот во Мичиген.
Друга важна карактеристика на овој вид се неговите лушпи, кои се поголеми од било кој друг вид на гуштери. Некои од неговите лушпи завземаат дури 8% од неговото тело.
Покрај таквата големина, тие лушпи делуваат повеќе како мамец отколку вистинска одбрана. Всушност, тие се лабаво прицврстени за неговото тело, со дефинирани перфорации на кожата.
Членовите на родот Geckolepis обично е тешко да се фатат поради нивните вештини да бегаат од предатори. Овој нов гуштер од националниот парк Анкарана во Мадагаскар е всушност прв, кој е откриен во последните 75 години.