Новото руско супер возило едноставно изгледа незапирливо. Наречено е Шерп.
Наменето е за безбеден пристап до тешко достапните предели, вклучувајќи ја и водата и може да се движи со околу 6 километри на час во вода, и максимални 45 километри на час на копно.
Возилото е долго 3,4 метри, широко 2,52 метри и високо 2,3 метри. Тежи 1.300 килограми и може да носи товар до 1.000 килограми. Гумите се високи нешто повеќе од 1,5 м. и според произведувачот, може да надминуваат пречки високи околу 70 сантиметри. Придвижувано е од четири цилиндричен дизел мотор „Кубота“ и има мануелен менувач со 5 брзини. Чини околу 50 илјади долари.
Можеме да кажеме дека дури изгледа симпатично бидејќи е пошироко од напред па на некој начин изгледа како бубачка.
Погледнето го видеото каде што вози по замрзнато езеро, го крши мразот и потоа продолжува да се движи со помош на гумите кои функционираат како перки се додека повторно не допре на цврсто тло.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























