Љубителите на ГИФ-анимациите добија совршен соговорник – „Peeqo“ е првиот робот што на човечки глас реагира со гифови.
Иако изработката на „Peeqo“ воопшто не била лесна – со оглед на тоа дека била потребна стручност од различни области, сите материјали од кои е изработен се многу лесно достапни.
Исто така, неговиот креатор, со интернет прекар „Shekit“, на страницата „Imgur“, детално го има објаснето целиот процес на изработка на роботот, со ветување дека кодот за изработка наскоро ќе им биде достапен на сите преку официјалната веб страна на „Peeqo“.

Доколку сте љубител на проектите „направи сам“, наскоро ќе можете со малку труд (?) да направите свој личен ГИФ соговорник.
Извор: „Vijesti.hr“
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























