Запознајте го роботот кој може да скокне 1 метар во висина

Во иднина, група мали едноноги роботи може да имаат можност да дојдат до области кои се премногу опасни за луѓето и да помогнат при истражувачки и спасувачки операции. Тие ќе можат да прескокнуваат помеѓу урнатините како кенгури. Денес, нивниот прототип претходник има тенденција да падне по повеќето скокови.

Треба да се поработи на слетувањето, но самите скокови се импресивни. Роботот „SALTO“ може да скокне еден метар во воздух. Тоа не е мала работа за робот кој е со големина на нашата дланка и изгледа како птица на навивање со батерија врзана на грбот.

„Сакавме да може да скока високо и брзо“ – вели Данкан Холдејн, еден од развивачите на роботот.

„SALTO“, што всушност е кратеница од „Saltatorial Locomotion of Terrain Obstacles“, користи само една нога за да ги изведе своите супер скокови. Почнувајќи во стуткана положба, роботот го користи вградениот мотор за својот отскок, без кој, би достигнал висина која нема да импресионира никој.

Тимот од Универзитетот од Калифорнија, Беркли, кој го изградил роботот, добил инспирација од малите африкански примати наречени „galago“ или исто така познати како „bushbabies“, кои заземаат слична стуткана позиција пред да скокнат речиси 2 метри.

2169892170_3e6b6db0ef_o

И исто како овие животни, а за разлика од другите роботи „SALTO“ може да скока повеќе пати едно по друго. Тој е во состојба да ги донесе нозете назад многу брзо и повторно да се подготви за скок. Тимот ја испитувал неговата способност да скокне на ѕид, да се намести во позиција и да се одбие од ѕидот за да отскокне уште повеќе во височина. Но, „SALTO“ се покажал пролично лош во одржувањето на баланс во воздухот, со што е ризично да се продолжи движењето нанапред.

Во воздухот, „SALTO“ може да ја насети својата ориентација и малку да се прилагоди со помош на малата опашка. Тоа не е доволно за големо ре-позиционирање, но е доволно за втор скок од вертикална површина. Потоа, потребна е една голема мрежа или пар раце кои ќе чекаат за да бидат сигурни дека слабата рамка нема да се уништи.

„SALTO“ не е роботот кој може да скокне највисоко, постојат и други кои можат да скокнат по 2 метри во воздух, но во трка со качување по скали, овој робот ќе победи.

„Можеби другиот ќе има подобар почеток, но ние ќе го надминеме бидејќи скокаме почесто“, вели Рон Фиеринг, уште еден од развивачите на „SALTO“.

Поради оваа способност да прави помали скокови многу побрзо, тимот смета дека овој робот ќе биде корисен во операциите за потрага и спасување.

„Самиот робот не може да извлече еден човек од под некоја урната зграда. Идејата е дека роботот ќе биде во можност да се движи на врвот на урнатините и да истражува“- додава Фиеринг.

Сепак постојат и други пречки кои првенствено треба да се решат, како на пример дека работи на батерии кои траат во минути и може да се движи само во права линија.

 

Поддржете ја нашата работа: