Група на млади момчиња и девојки од компанијата „Boston Dynamics“ напорно работат на проекти кои имаат за задача да ја формираат најдобрата роботска технологија. Нивните напори се успешни, а нивниот последен проект е успешно реализиран.
Запознајте го „SpotMini“, нивниот последен изум, односно помала верзија на нивниот „Spot“ робот.
Овој робот е електричен и работи без хидраулика, што го прави еден од најтивките роботи кои компанијата ги има произведено досега. Роботот во целост тежи околу 65lbs, а батеријата му трае до 90 минути во зависност од работата. Опремен е со многу камери и сензори, вклучувајќи и сензори за проприоцепција на екстремитетите, кои му помагаат со навигацијата и движењето.
Навистина интересна е помислата дека вакви роботи во иднина ќе бидат многу распространети, но уште поинтересна е замислата дека тогаш ќе бидат креирани уште подобри роботи.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.




























