Запознајте ја Надин – роботот со емоции

Како би требало да изгледаат роботите во иднина? Дали треба да ги задржат карактеристиките кои јасно ја покажуваат нивната „вештачка’ природа или треба да наликуваат на нас до таа мера што ќе биде тешко да препознаеме дека не се живи луѓе?

Ако се суди според Надин – новиот социјален и „емоционално интелигентен“ робот, хуманоидните машини со реалистичен изглед може да имаат предност во однос на нивните очигледно „вештачки“ колеги, бидејќи нивната физичка сличност со луѓето ќе ни помогне да комуницираме со нив на многу поприроден начин, независно дали е тоа во домот, на работното место или дури и ако треба да се грижат за нас кога ќе остариме.

Надин е дело на научниците од Универзитетот за технологија Нанџан во Сингапур и изгледа како помлада верзија на нејзиниот креатор професорката Надја Талман.

Nadine-An-Affable-Humanod-Robot-With-A-Personality-Of-Her-Own-3Во моментов Надин има улога на „рецепционер “ на Универзитетот. Со својата кожа и коса таа изгледа речиси како човек. Таа се однесува пријателски и ќе ви го возврати поздравот со насмевка. Ве гледа во очи кога зборува и може да се ракува.

За разлика од конвенционалните роботи таа има свој карактер, расположение и емоции. Таа може да биде весела или тажна, во зависност од разговорот. Има добра меморија и може да ги препознае луѓето со кој се сретнала претходно и памети што зборувале.

Секако, има работи, како што се „празните“ очи  и статичниот роботски поглед помеѓу движењата, што јасно покажуваат дека не се работи за вистински човек. Ако научниците успеат да ги отстранат недостатоците што ја издаваат Надин, интеракцијата помеѓу луѓето и роботите во иднина ќе биде многу полесно да се остварува.

nadine-ntu-dataСпоред научниците, овој вид на роботи најдобро би се вклопиле како домашни придружници, особено кај луѓето кои не можат целосно сами да се грижат за себе.

„Ова е нешто како придружник, што е постојано со вас и е свесен за тоа што се случува. Во иднина овие друштвено интелигентни роботи би можеле да бидат како „C-3PO“ (роботот од „Војна на звездите’ ), кој го познава јазикот и протоколот“- вели професорката Талман.

Веројатно ќе треба уште време пред Надин да стане „убедлива“ како човек, но дефинитивно изгледа дека тоа не е многу далеку.

Поддржете ја нашата работа: