Доколку немате слушнато претходно за рибата лакерда, или ќе ви биде одвратна или интересна. Тие се добро познати кај рибарите кои фатиле риба која веќе била жртва на лакердата.
Она што е интересно кај нив е нивната уста, која изгледа како некоја на вонземјанин, и нивната паразитска природа која им овозможува да се закачат за пленот за да цицаат крв.
Лакердите се риби кои личат на јагули со издолжени тела од 13 до 100 см, но без вилица, перки или крлушки како кај нормалните риби.
Тие немаат пршлени, но имаат серија на ’рскавични структури. Од двете страни на главата имаат седум жабрени пори и една ноздра на врвот на главата. Главно живеат во крајбрежните области и слатките води, особено во умерените региони бидејќи се познати дека имаат ниска толеранција за високи температури.
Во моментов има околу 38 познати видови на лакерда кои се’ уште постојат, а од нив 18 се паразитски.
Лакердите припаѓаат на редот „Petromyzontiformes“ и суперкласата „Cyclostomata“. Паразитските видови се познати по хранењето од други риби и морски цицачи веднаш по нивната преобразба од ларви, додека пак непаразитските видови не се хранат како возрасни и живеат од резервите кои ги добиваат кога се ларви.
Карактеристиката за лакердата е нејзината уста. На местото на нормална уста како кај другите риби, овој паразитски вид има отвор со наредени заби во кругови. Откако ќе се закачат на пленот, ги користат забите за да направат дупка и да дојдат до крвта и другите телесни течности.
Нападите врз луѓето се обично многу ретки и не се случуваат освен доколку лакердата не е прегладнета. Друга интересна карактеристика е како прават размена на гасови, што е различно од другите риби и нивната респираторна цевка е изолирана од нивната уста. Наместо да земаат вода преку уста, тие ја пумпаат внатре и надвор преку нивните жабрени торбички.
Тие се сметаат за големи штетници бидејќи се хранат од други риби кои се сметаат за комерцијално вредни како што е пастрмката во езерата, и ослободувањето од нив е исклучително тешко.
Тие се сметаат за инвазивни видови и се главен проблем во Големите езера во Северна Америка каде што биле донесени од морето со изградбата на вештачките канали. Тие немаат природни непријатели па треба да се контролираат со специјални бариери кои го спречуваат движењето на возрасните риби или пак со користење на токсични материи кои се безопасни за поголемиот друг воден свет.
И покрај нивниот грозен изглед и паразитска природа, тие веќе долго време се користат како храна и се сметаат за деликатес во делови од Европа.
Старите Римјани високо ги ценеле лакердите за време на средниот век, а високите класи во Европа ги јаделе. Тие исто така спаѓале во санкционирата храна од црквата за велигденските пости и се сметало дека имаат помесест вкус од многу други риби.
На 4 март 1953-тата година, Кралските воздухопловни сили и направиле пита со лакерди за крунисувањето на кралицата Елизабета Втора. Во Шпанија,Португалија, Франција и северната половина од Финска овие риби се’ уште се сметаат за деликатес. Сепак нивниот слуз и серум можат да бидат отровни, па мора темелно да се исчистат пред да се зготват.