Количеството мраз на Антарктикот и Арктикот во овој период е рекордно намалено, а истражувачите известуваат дека од пред 4 дена до сега изгубивме 3,76 милиони квадратни метри мраз – што е повеќе од вкупната површина на Индија.
Минатиот месец, температурите во деловите на Арктикот нараснале до 20°C над нормалното, а 2016 година е на пат да стане најтоплата година досега.
„Се случуваат навистина луди работи”– раскажува за „Ројтерс“, Марк Серезе, директор на Националниот центар за податоци од ледените подрачја.
Серезе со тоа известува дека во ноември оваа година, количината на арктичкиот мраз во просек изнесувала 9,08 милиони квадратни километри, што е рекордно ниско ниво за овој месец.
Ова се дополнителни 800.000 квадратни километри загуби на мраз од оние во ноември 2006 година, која го држи рекордот за најнизок износ на мраз.
Нивото мраз на Антарктикот, што досега се сметаше за поотпорно на зголемувањето на температурата од Арктикот, почна набрзо да опаѓа овој ноември и ако ситуацијата не се промени, наскоро и таму ќе ги забележиме истите резултати.
„Се чини дека топлата атмосфера делува против ледот на Арктикот”– изјави Серезе Оливер Милман за „The Guardian“.
Знак дека топењето на Антарктикот се одвива со катастрофална брзина се и огромниот број на необични плави езера во август, што е еквивалентна појава на она што се случи на Гренланд помеѓу 2011 и 2014 година кога тој загуби трилион тони мраз.
„Источен Антарктик е дел од континентот за кој луѓето претпоставуваат дека е релативно стабилен”, велиСтујарт Џејмисон, еден од истражувачите кои ја воочиле појавата на езерата. „Таму нема промени, таму е се’ уште многу ладно, а првата појава на езерата е идентификувана многу неодамна” – додава Џејмисон.
Оваа година се изгубени пет пацифички острови поради пораст на морското ниво како резултат на топењето на мразот. Треба да се запрашаме дали во иднина ќе доживееме слични сценарија.