Жаба што може да ја менува формата на телото

Оваа жаба од видот „Pristimantis mutabilis“ може да ја менува својата форма, односно текстура на кожата па така кожата преминува од груба во мазна за само 330 секунди.

Оваа мала жаба, која не е поголема од еден нокт на раката, изгледа како мов бидејќи ја прави нејзината кожа нерамна и груба, со текстура иста како и околината на Андите на Еквадор. Кога ќе ја поставите на мазна позадина и кожата и се измазнува. Механизмот со кој го прави тоа се’ уште не е познат. За целата рутина на менување на формата и се потребни околу 3 минути.


„Испакнатините и бојата на кожата и помагаат да се вклопи во живеалиштата, при што личи на мов и тешко се забележува, но дали текстура и помага за да ги избегне предаторите се’ уште треба да се тестира“, истакнуваат истражувачите.

Истражувачите исто така истакнаа дека некои од поголемите роднини на жабата, односно веќе откриените „Pristimantis sobetes“ ја имаат истата способност за менување на формата која што не била забележана претходно.

Ова откритие е објавено во „Zoological Journal of the Linnean Society“.

Поддржете ја нашата работа: