Жените се подобри во мултитаскинг, а мажите се повеќе ориентирани кон заработувачката? Размислете уште еднаш пред да тврдите вакви митови кои создаваат илузии во врска со т.н. машкиот и женскиот мозок.
Не постои машки и женски мозок, тврди едно истражување за родовите разлики во нашиот мозок, кое беше спроведено на Универзитетот во Тел Авив во Израел, вклучувајќи евиденција од 1400 скенирани мозоци.
„Оваа студија потврдува дека човечкиот мозок не може да се одвои во две одделни класи.” Вели Aнелис Кајзер од Универзитетот во Берн.
Идејата дека луѓето имаат “машки” или “женски” мозок е одамна застарена, вели Дафна Џоел од Универзитетот во Тел Авив, Израел. „Теоријата вели дека со развојот на тестисите кај фетусот доаѓа до почетните разлики во мозокот помеѓу половите. Доколку тоа е вистина, би постоеле два одделни видови на мозок”.
Со цел да ја тестира оваа теорија, Џоел и нејзините колеги разгледувале скенирани мозоци на луѓе од 13 до 85 години. Тие ги набљудувале варијациите во големината на деловите на мозокот, како и начинот на поврзување меѓу нив. Вкупно идентификувале 29 важни делови од мозокот кои подоцна ги анализирале во детали.
Кога ги разгледале поединечно, откриле дека само неколкумина ги имаат сите карактеристики кои би требало да ги има женскиот или машкиот мозок.
Во нивниот примерок од 0-8% од луѓето ги имале сите потребни карактеристики за да научниците ги класифицираат во традиционалната поделба на женски и машки мозоци, додека поголемиот дел од примероците се наоѓала некаде помеѓу двојната поделба.
„Не постојат два типа на мозок,” истакнува Џоел.
Иако тимот ја набљудувал само мозочната структура на одредени делови, а не и нивната функција, нивниот заклучок ни зборува дека речиси секој има дел од традиционално одредени машки и женски карактеристики.
Митови поврзани со машкиот и женскиот мозок
-Мажите се опседнати со секс
Многу истражувања покажаа дека мажите почесто се впуштаат во повремени сексуални односи од жените. Сепак, женскиот сексуален апетит покажува дека, и жените како мажите се на еднакво ниво.
-Жените озборуваат повеќе од мажите
Сите сме слушнале дека жените имаат подобри комуникациски вештини. Во реалноста, постојат само неколку разлики помеѓу мажите и жените. Одредени студии ни покажуваат дека жените се подобри во читање, но авторите на овие студии укажуваат на тоа дека тоа е резултат од хендикеп за учење кој е забележан кај мажите.
-Момчињата се подобри математичари од девојчињата
Едно големо истражување које опфатило вкупно 242 студии, открива дека момчињата и девојчињата се подеднакво способни кога е во прашање математиката. Соодветно со тоа, девојчињата имаат подеднакво добри резултати како момчињата во државите каде постои родова еднаквост.