Тест на роботски машини во вулканот Етна

Научниците од Германскиот вселенски центар тестираат роботски машини во најактивниот вулкан во Европа на планината Етна. Експерти од Германија, Англија, САД и Италија се вклучени во проектот „роботски истражувања во екстремни средини“ кои се наменети за собирање информации за на роботската опрема која ќе треба да се употреби во вселената и при мисии на Месечината.

„Ова е хипотетички распоредување на слетување на Месечината и на Марс во иднина, каде ќе има многу роботи кои ќе се користат за транспорт и инсталирање на различни научни инструменти“, вели Борис Бенчке, вулканолог.

Тимот се надева дека научените техники во Етна, ќе се спроведат на мисии на Месечината или на истражување на Марс.

Поддржете ја нашата работа: