Животни што хибернираат во лето

Блискиот Исток со своите благи зими до неодамна не се сметаше за место погодно за хибернација на животните. Новото истражување направено од истражувачите од Тел Авив, не само што ја корегира оваа заблуда, туку го менува и самиот концепт на хибернацијата.

Истражувачите откриле два вида лилјаци од родот „Rhinopoma“ како хибернираат на необично висока и константна тепература од 20 ◦C, во пештерите на „Great Rift Valley“ во Израел. Овие лилјаци биле откриени од октомври до февруари во полу-свесна состојба, дишеле еднаш на секои 15 -30 минути, со екстремно ниска потрошувачка на енергија.

Истражувачите ги надгледувале активностите на лилјаците во текот на тој период  и откриле дека тие ниту се хранеле ниту пиеле, дури и во топлите ноќи кога другите видови во истата пештерата биле активни. Со посебни трансмитери осетливи на температура, истражувачите ја мереле температурата на кожата на лилјаците во пештерите. Потоа во лабораторија ја мереле метаболната активност и водата што се губи со испарување, при различни абиентални температури.

Просечната тепература на кожата на лилјаците била околу 22◦C. Двата вида имале најниска метаболна активност на температура од 20◦C. Во текот на хибернацијата имало долги периоди кога лилјаците не издишувале.

До неодамна се веруваше дека во Израел нема цицачи што хибернираат, освен ежовите, што наведува на верување дека можеби постојат и други видови.

Второто важно откритие е тоа што животните што хибернираат не мора да ја намалат телесната температура за да ја намалат потрошувачката на енергија. Овие лилјаци покажале драматично намалување на метаболизмот при висока телесна температура во топлите пештери во пустината.

Истражувачите откриле дека лилјаците, исто како и камилите, ги шират ноздрите за да ја зачуваат водата. Еден месец пред хибернацијата лилјаците ја менуваат исхраната и од  незаситени преминуваат на заситени масти и се хранат само со „кралицата“ од мравките со крилја, за да ја зголемат телесната маса за 50%.

Натамошните истражувања се насочени кон важноста на топлите пештери во зачувувањето на овие видови. Истражувањето е објавено во „Proceedings of the Royal Society of London“

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt