Зошто бројот 7 е толку омилен меѓу луѓето?

Една студија од 2014 година испитувала над 40.000 лица од целиот свет, кој биле анкетирани во врска со нивниот омилен број со цел да се открие емоционалната врска со броевите, а најголем дел од испитаниците го избрал бројот седум. Склоноста кон овој број е видлива и во текот на историјата од најраните записи на глинени плочи, со чија помош тргувале Вавилонците, па се до приказните за седмиот грев и седумте џуџиња. Зошто?

“Ако го прочитате едниот од најстарите системи на пишување за кој знаеме – клинестото писмо на глинени плочи кои ги користеле Вавилонците за трговија во Месопотамија пред 5.000 години, ќе видите дека е преплавено со бројот седум. Бројот 7 во Библијата е спомнат 735 пати, натаму имаме, 7 мориња, 7 планини, 7 гревови, 7 џуџиња, 7 чуда, 7 денови, 7 бои на виножитото„ вели Алекс Белос, британски научник.

Натаму, психологот Џорџ Милер со години набљудувал како краткорочното памтење меморира во седум целини, плус или минус две. Можете да запамтите цела листа зборови, задачи или факти доколку така ги организирате. Со години научниците ги истражувале причините на Милеровата магична недела. Едно истражување од 2008 година покажало дека невроните во хипокампусот произведуваат најдобри информации доколку дендритите се седум на број.

Зошто бројот 7 е посебен?

Една интересна теорија објаснува дека бројот 7 е единствен број кој можете да го наброите на прсти, притоа да не може да се подели на два цели броеви.

“Овој број е уникатен и индивидуален, а луѓето несвесно го интерпретираат тоа математичко својство. Неговото поврзување со многу предмети го поттикнува нашиот мозок да прави предметите да ни стануваат драги,” објаснува Белос.

Доста интересен е фактот дека добиените резултати посочуваат на бројот 110 како најнеомилен број. Ниту еден анкетиран учесник не го посочил овој број како омилен.

Белос наведува дека броевите кои завршуваат со нула поприлично се непопуларни, како и броевите кои завршуваат на пет – освен самиот број 5 кој добро котирал, па дури и се наоѓа во топ 5 листата.

Поддржете ја нашата работа: