Зошто не сме сите заболени од рак?

Секоја секунда, милиони клетки во нашето тело се делат на две, само за да не одржат во живот. Но, како и се останато, и тие прават грешки.

Она што почнува како едноставна грешка и нерамномерна поделба на ДНК помеѓу две клетки, на крајот се претвора во масовна репродукција на таа грешка каде што погрешните клетки ги преземаат ресурсите на телото. Ако тие клетки се одвојат од епицентарот и се рашират, третманот е речиси невозможен.

s8ls02pupybihtxvh5ioСо оглед на бројот на клетки во нашето тело, секој од нас би требало да има рак. Но, тоа не е така благодарение на реакцијата на нашето тело на природната селекција.

Исто како функцијата за автоматско коригирање на нашиот телефон, нашето тело со текот на времето дизајнирало „алатка за поправање“ која ги идентификува и ги спречува, па дури и поправа оштетените парови на ДНК пред да предизвикаат штета.

Покрај тоа, тука е и модерната медицина која го продолжува нашиот животен век и секојдневно работи на пронаоѓање на лек. Погледнете го видеото!

Поддржете ја нашата работа: