Зошто некои луѓе се хомосексуалци ?

Но, со оглед на тоа што обесхрабрува вид на секс што води кон репродукција и создавање, а со тоа се чини дека ги намалува сопствените шанси за генетско пренесување на следната генерација, зошто воопшто постојат геј мажите?

Кажано поинаку, зошто гените кои водат кон сопствено изумирање, не се исчезнати?

Ова долгогодишно прашање конечно се одговори од страна на новите и на тековните истражувања. За неколку години, низа студии предводени од Андреа Камперио Киани на Универзитетот во Падова во Италија, откриле дека мајките и тетките (oд мајчина страна) на геј мажите имаат значително повеќе деца од оние на хетеросексуалните мажи. Резултатите покажуваат силна поддршка за „хипотезата за балансиран избор “, која станува се повеќе прифатена теорија за генетската основа на машката хомосексуалност.

Теоријата вели дека истите генетски фактори кои индуцираат хомосексуалност кај мажите, исто така, поттикнуваат плодност (висок репродуктивен успех) кај мајките и женските роднини. Преку оваа трампа, „машките геј гени”, иако тие не се изразени како такви, имаат тенденција да се пренесат на идните генерации, и покрај нивната тенденција да ги направат своите машки наследници геј.

Иако никој не знае кои гени точно, барем еден од нив се чини дека се наоѓа на Х хромозомот, според генетското моделирање на Камперио и соработниците. Мажите наследуваат само еден Х хромозом од нивната мајка и ако тоа таму е генот за хомосексуалност кај мажите и плодност кај жените, голема е веројатноста да се биде хомосексуалец, додека неговата мајка и нејзините женски роднини, најверојатно, ќе имаат многу деца. Ако ќерката го наследи истиот Х-врзан ген, таа самата не може да биде геј, но може да го пренесе на синовите.

Но, како може „машките геј гени” да ги направат жените повеќе репродуктивно успешни? Претходно, италијански истражувачи сугерираа дека „машките геј гени” едноставно ја зголемуваат андрофилијата, или атракција за мажи, со тоа што мажите кои го имаат генот стануваат хомосексуалци, а жените повеќе промискуитетни. Но, по испитувањето на карактеристиките на 161 женски роднини од мајчина линија на хомосексуалните и хетеросексуалните мажи, истражувачите  ја отфрлиле хипотезата. Наместо жените да бидат повеќе привлечени од мажи, генот придонесува жените да им бидат попривлечни на мажите.

Високата плодност или способноста да се имаат повеќе деца, не значи задоволство во сексот, ниту пак станува збор за промискуитет. Андрофилниот модел кој го откривме е доказ дека жените со висока репродуктивна вредност ги привлекуваат најдобрите мажи“, изјавија авторите.

Излезе дека мајките и тетките на геј мажите имаат предност во однос на мајките и тетките на хетеросексуалните мажи од неколку причини: Тие се повеќе плодни, покажуваат  помалку гинеколошки нарушувања или компликации за време на бременоста, тие се повеќе екстровертни, посреќни и порелаксирани и имаат помалку семејни и социјални проблеми, стравови. „Со други зборови, во однос на другите, тие се совршени за мажјакот. Привлекувањето и селекцијата од најдобрите машки им овозможувана овие жени да создадат повеќе потомци“.

„Се разбира, не постои еден одговорен фактор за различниот спектар на сексуални ориентации кои постојат, и кај мажите и кај жените. Поверојатно е дека постојат неколку влијанија за формирање на хомосексуална ориентација“, вели д-р Герулф Ригер, истражувач на сексуалната ориентација на Универзитетот Корнел.

Тој истакна дека факторите на животната средина, вклучувајќи го и степенот на изложеност на одредени хормони во матката – исто така играат улога во калапењето на машката сексуалност.

Но, што се однесува до прашањето зошто гените кои детерминираат хомосексуалност, не се исчезнати, одговорот е: Истите тие гени ги прават жените привлечни за другите.

Детали се очекуваат во наредниот број на списанието на „Sexual Medicine“.

Извор: LiveScience (http://www.livescience.com/33987-gay-men.html)

Поддржете ја нашата работа: