Зошто некои органи се парни?

Пред околу 550 милиони години, сплескан црв наречен акоел бил првиот организам кој започнал да развива билатерална симетрија. Билатерализам е тенденцијата на некои животни форми да бидат симетрични, а голем број организми на Земјата денес, особено ‘рбетниците, се чини дека го имаат наследено овој вид на симетрија.

Ако ги класифицираме животните според нивната симетрија, ќе добиеме асиметрични (сунѓери), радијални (морски ѕвезди), и билатерални. Ако повлечете линија по средината на билатерално симетричните организми (карактеристична за повеќето примати, птици, риби, черупкари, водоземци) ќе видите нешто налик одраз во огледало.

Иако научниците не знаат точно зошто билатералната симетрија стана толку честа појава, постојат некои хипотези. Некои шпекулираат  дека билатералното тело може да се движи полесно, поради парните идентични органи, или можеби се поддршка од централниот нервен систем со централниот ‘рбетен  мозок. Не знаеме. Бидејќи животните со билатерална симетрија се развиваат 500 милиони години, безбедно е да се претпостави дека постои добра причина за тоа.

Еволуционистичките антрополози претпоставуваат дека имаме две нозе, два бели дробови и бубрези, бидејќи овие дупли органи им давале некаква предност на нашите предци-организми, а не затоа што тие се резервни делови. Ние можеме да видиме со едно око (еднооките организми еволуирале први), но двете очи ја нудат предноста на длабока перцепција.

Затоа што е можно да се преживее со само еден бубрег, луѓето имаат тенденција да гледаат на бубрезите како резервни делови, но една студија во списанието „Nephrology, Dialysis, Transplantation“ погледна како се чувствуваат лицата со еден бубрег. Изненадувачки, тие откриле дека функционираат подобро во период од околу 16 години, но по околу 24 години подоцна, забележан е пад на бубрежната функција.

Во едно сме сигурни. Виталните органи, вашите бели дробови, срцето, панкреасот, црниот дроб и мозокот – како што и самиот назив кажува, се од витално значење не само за животот, туку тие, исто така, се од витално значење и еден за  друг.

 

Поддржете ја нашата работа: