Зошто секоја четврта година е престапна?

Еднаш на секои четири години се додава еден дополнителен ден во годината, што резултира со престапна година. Но, зошто е тоа така?

Причината поради која што на секои 4 години се додава по еден престапен ден во календарот е за да се изедначи календарската година со реалната, односно астрономската година, а тоа е времето коешто и е потребно на Земјата да го обиколи Сонцето и изнесува 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди, или 365,24219 дена.

tumblr_inline_o309v6lyCU1tzhl5u_1280

Доколку сите каледарски години содржат точно 365 дена, тие би се разликувале за точно 1 ден на секои 4 години што со текот на времето би резултирало со пореметување на сезоните, односно годишните времиња. Така на пример во северната хемисфера во месец јули би било зима. За да не дојде до тоа, се додава по 1 ден на секои 4 години, што резултира со престапна година од 366 дена.

tumblr_inline_o30a626J3I1tzhl5u_500

Поддржете ја нашата работа: