Ви се случило ли некогаш да се разбудите и да не знаете каде се наоѓате, колку е саат или зошто ви ѕвони алармот? Или можеби да разговарате на телефон, а потоа да не се сеќавате на ништо? Не гружете се, не сте сами.
Ова е состојба позната како конфузно будење (или уште позната и како опијанетост од спиење) и е честа состојба каде што луѓето се будат сосема збунети и остануваат збунети одреден период додека повторно да се вратат на спиење или сосема да се разбудат.
Влијае на еден во седум луѓе и епизодите обично траат 15 минути откако ќе се разбудат. Може да се случат по ноќниот сон, па дури и по обична дремка, и може да варираат во екстремноста.
Лицата кои ја има оваа состојба најчесто не се сеќаваат на активностите што ги правеле додека истата траела. Научниците се’ уште дебатираат дали ова е посебна самостојна состојба или пак е симптом на други проблеми со спиењето.