Зошто жените се позимурливи од мажите ?

Сигурно ви се случило некогаш додека сте на прошетка и шетате по јакна и замотани со шал, вашиот машки придружник да носи потенка облека, или додека седите во канцеларија прекриени со ќебе, барајќи греалка, вашиот машки соработник да се поти од жешко. Како што се испоставува, постојат вистински научни причини зошто тоа е така. Прочитајте ги доказите:

1. Жените имаат повисока телесна температура од мажите.

Една студија, спроведена од страна на Универзитетот за медицина во Мериленд, објавена во списанието Јама Нетворк, открива дека температурата на телото се разликувала од човек до човек, од ден на ден, телесната температура кај жените била повисока од машките испитаници. Се чини контрадикторно додека врз основа на овој заклучок размислуваме дека на жените треба да им биде потопло нели? Грешиме. Доколку вашето тело е навикнато на топлина, студениот воздух се чувствува уште постуден.

2. Жените кои користат хормонална контрацепција имаат повисока телесна температура.

Чувството на студ се дуплира кај жените при користење на хормонална контрацепција. Хормоните влијаат на телесната температура, и покрај тоа што жените некогаш не забележуваат. Поради ваквата терапија, може долгорочно да се подигне нивото на топлина, правејќи ги жените уште почувствителни на студ.

3. Жените имаат поладни екстремитети од мажите.
Првото нешто што секогаш ќе гnext-thermal-hands-990о забележите кај жените се нивните раце кои смрзнуваат од студ. Според една студија, објавена во медицинскиот Британски журнал Лансет, женските раце и стапала се поладни од машките за неколку степени. Ако вашите екстремитети страдаат од студ, невозможно е да го чувствувате топло вашето тело.

4. Жените имаат поспор метаболизам од мажите.

Според една статија објавена во весникот за применета физиологија, мажите имаат повисока метаболитичка стапка за околу 23 отсто од жените. Вашиот метаболизам ја одредува брзината на согорување на хранливи материи, а при согорувањето го загревате вашето тело. Женското тело е поладно од машкото, бидејќи женскиот метаболизам е поспор, и тоа е причина зошто мажите можат да изедат повеќе без да се здебелат.

5. Температурите на работните места се подесени според температурата на машко тело.

Според една студија објавена во списанието Нејчр, најголемиот дел на термостатите поставени на работните места, се направени по модел развиен во 1960 година, кога сеуште немало многу вработени жени. Затоа нека не ве чуди тоа што жените додека седат на работно место ретко ги соблекуваат своите палта.

Поддржете ја нашата работа: