Научниците кои со години ја слушале комуникацијата помеѓу најблиските примати до човекот, орангутаните, тврдат дека тоа слушање им помогнало да го расветлат потеклото на човечката комуникација, односно јазикот.
Д-р Адријано Реис од Универзитетот Дурам снимил и анализирал речиси 5.000 различни “нејасни” звуци кои орангутаните ги произведуваат со помош на усните, пишува BBC.
Тој установил дека животните, за пренос на различни пораки произведуваат звуци кои потсетуваат на согласки, а неговите колеги веруваат дека на тој начин добиле увид за начинот на кој нашите човекови предци ги создавале првите зборови.
“Јазикот на луѓето е многу напреден и сложен. Речиси секоја информација може да се претвори во звук. Претпоставуваме дека зборовите еволуирале од некои рудиментални звуци со цел да се пренесуваат комплексни пораки”, вели д-р. Реис.
Тој и неговите колеги особено внимателно ги изучувале нејасните звуци, кои мајмуните ги изведуваат со усните, а тие биле како многуте согласки кои звучеле како буквите т, п, и к, зависно од активноста на јазикот, устата и вилицата, а не од гласот.
Преслушувајќи ги снимките, научниците установиле дека овие животни вовеле неколку различни линкови во својата комуникација. Тоа го споредиле со начинот на кој модерниот човек употребува повеќе од еден збор за ист поим, на пример, се вели автомобил, но и кола.
“Се чини дека два пати кажуваат ист збор, за да бидат сигурни дека пораката е пренесена, односно истата порака ја праќаат користејќи неколку различни сигнали”, заклучуваат научниците.
Нивната студија сугерира дека до почетокот на развојот на јазикот, не довел напор на нашите предци да формираат сложени зворови, туку создавањето на различни звуци кои носат исто значење и не ја зголемуваат количината на информацијата, а се користат поради сигурен пренос и подобра контрола врз пренесената информација.