Вештачка интелегенција „Стројник“

Според Македонската традиција „Стројник“ е представник од машката страна што се праќа да преговара ( да ја бара ) потенцијалната невеста од нејзиното најблиско семејство

На далечниот исток Јапонските власти одлучија да го зголемат наталитетот со тоа што од следната година ќе кофинансираат проекти кои со употреба на вештачка интелегенција, ќе им помогнат на луѓето да најдат партнери и да основаат семејство, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Проектите кои властите планираат да ги кофинансираат се однесуваат на изработка на апликации и сервиси за барање партнери. Агенцијата „Франс-прес“ јавува дека од следната година, јапонската влада ќе им додели на локалните самоуправи 19 милиони долари.

Популацијата на Јапонија е генерално повозрасна, a долго време се бара начин да се сврти трендот на една од најниските стапки на наталитет во светот, затоа властите одлучија да прибегнат кон напредната технологија и да ја користат вештачката интелегенција.

Во Јапонија минатата година се родени помалку од 865.000 бебиња, што претставува најмала бројка досега.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.