Им пресудил сексот со луѓето? Нова студија ги истражува причините за исчезнување на Неандерталците

Научниците открија дека ретко нарушување на крвта, хемолитична болест на фетусот и новороденчето (HDFN), може да имала смртоносно влијание врз потомството од сексуалните контакти помеѓу неандерталците и луѓето, се вели во студија објавена во списанието PLOS One.

Истражувачите испитувале примероци од крв од неандерталци и откриле дека нивната крв носи специфичен сет на генетски варијанти што ја прави особено подложна на HDFN. Ова нарушување може да предизвика потенцијално фатална анемија и често се влошува со втората и следната бременост, намалувајќи го бројот на неандерталски деца.

Иако HDFN може да произлезе само од секс меѓу неандерталците, според британскиот Daily Mail, кој се повикува на неименувани експерти, ризикот од HDFN бил значително поголем при секс со човечки предци, како и со Denisovans, исчезнат, човечки вид.

„Овие елементи можеа да придонесат за слабеење на потомството до нивно исчезнување“, се наведува во статијата на ПЛОС.

„Фактот дека овие форми на генот се откриени кај поединци кои живееле на меѓусебно растојание од 4.000 километри и во временски период од 50.000 години, укажува на тоа дека оваа генетска специфичност и ризикот од анемичен фетус, била доста честа појава кај неандерталците“, вели Стефан Мазиерес, главен автор на истражувањето од Универзитетот Аик – Марсеј во изјава дадена за Дејли Меил.

Луѓето имаат крвна група и Rh фактор кои покажуваат дали имаат специфичен протеин на површината на нивните црвени крвни клетки. Ако некое лице го има овој протеин, типичен за повеќето луѓе, тој е Rh позитивен. Меѓутоа, ако жената со негативен Rh роди маж со позитивен Rh, нејзиниот имунолошки систем ќе ги нападне црвените крвни клетки на детето, предизвикувајќи потенцијално фатална анемија.

Откритието може да даде дополнителни индиции за тоа што довело до исчезнување на неандерталците пред околу 40.000 години. Досега, повеќето научници веруваат дека видот хомо сапиенс ги истребил другите видови во конкуренција за храна и живеалишта.

Поддржете ја нашата работа: