Геохемиската анализа утврди дека составот на пепелта одговара на вулкански кратер кој се наоѓа на околу 350 километри североисточно од местото каде што се пронајдени фосилите.
Остатоците од черепот и делови од скелетот на најстариот познат претставник на видот хомосапиенс се пронајдени во 1967 година во карпата Кибиш, покрај реката Омо во Етиопија. Научниците претходно ја процениле нивната старост на околу 195.000 години, но неодамнешното истражување покажало дека тие се стари најмалку 233.000 години.
Непосредно пред пандемијата на коронавирус, вулканологот Селин Видал и нејзините колеги од Универзитетот во Кембриџ отидоа да ја истражат областа каде што се пронајдени фосилите. Во центарот на нивното внимание беше слој од вулканска пепел што ги покриваше седиментите со остатоци.
Геохемиската анализа утврди дека составот на пепелта одговара на вулкански кратер кој се наоѓа на околу 350 километри североисточно од местото каде што се пронајдени фосилите. Огромна ерупција што се случила таму исфрлила вулканска пепел што паднала и врз Омо, велат истражувачите. Датирањето на стврднатиот пепел во вулканскиот кратер доведе до нова проценка на староста на човечките фосили, објавија научниците во списанието Nature.
„Секоја ерупција има уникатен геохемиски состав, еден вид отпечаток од прст што можеме да го користиме“, објаснува Селин Видал, додавајќи дека со усогласување на слојот од пепел што ги покрива фосилите, тие знаат која ерупција ја создала таа пепел и периодот на самата ерупција.
Нововоспоставената старост – околу 233.000 години – одговара на неодамнешните фосилни откритија кои покажуваат дека хомосапиенсот еволуирал низ Африка, пред приближно 300.000 години.
Понатамошната работа ќе испита дали слоевите на пепел под фосилниот талог се резултат на претходните вулкански ерупции.