Во организација на Comeunity Business Incubator. вчера во Netaville се одржаа панел дискусии на тема: “Начини на кои ќе ги припремите вашите стартапи за B2B” и “Совети и трикови за успешен пласман”.
Извршниот директор на CBI, Александар Савевски, како домаќин на настанот ги запозна присутните со концептот на B2B или (бизнис со бизнис) како начин на водење бизнис во кој производ или услуга се продава на правно лице, наместо потрошувач, како изгледа иднината на B2B продажбата и маркетингот, и кои се рационалните мотиви на идните купувачи.
“Работејќи со повеќе од 20 локални и 10 регионални стартапи изминатата година имавме можност да забележиме поголем број на проблеми со кои што заеднички се судираат сите стартапи кои што работат на B2B решенија” – вели Савевски.
“За таа цел решивме да организираме мини настан каде ќе може да ги споделиме нашите TIPs & Tricks и да ви помогнеме да донесете правилни одлуки за вашите B2B производи”.
Ексклузивно за ЕНаука.мк сподели и дека во иднина ќе има уште неколку работилници во кои планира да бидат опфатени теми како што се: продажба, позиционирање и скалирање.