ОН ја усвoија првата глобална резолуција за вештачка интелигенција

pixabay

Генералното собрание на ОН едногласно ја усвои првата глобална резолуција за вештачката интелгиенција со цел да ја поттикне заштитата на личните податци, човечките права и следење на потенцијалните ризици од оваа технологија, сооштија американските власти.

Необврзувачката резолувија, која ја предлоѓија САД, а ја поддржаа Кина и уште 121 зземја, укажува на потребата од зајакнува на политиките за приватност, велат тие. Оваа резолуција е последна во низата иницијативи на владите ширум светот да го контролираат развојот на вештачката интелигенција поради стравот дека може да биде злоупотребена за, меѓу другото, нарушување на демоктратските процеси, измами или постапки кои би довеле до губење на работните места.

„Неправилниот или злонамерен дизајн, развојот, примената и употребата на системите за вештачка интелигенција се ризици кои би можеле да ја загрозат заштитата, унапредувањето и уживањето на човечките права и основните слободи“ се вели во документот.

САД, Велика Британија и повеќе десетици други земји во ноември минатата година го претставија првиот меѓународен детален договор за тоа како заштитата на вештачката интелигенција од злоупотреба ги поттикнува компаниите да креираат системи за вештачка интелигенција кои се безбедни по својот дизајн.

Поддржете ја нашата работа: