Научници на островот Лезбос во Грција за време на градежна работа за локален пат, откриле редок вид фосил од дрво, чии гранки и корени останале недопрени дури и по 20 милиони години.
Локалитетот е близу стара шума, скаменета пред милиони години на овој медитерански остров. Шумата која останала скаменета е настаната пред 20 милиони години кога на северниот дел од островот еруптирал вулкан и целата област ја прекрил со лава и пепел.
Пределот кој се протега на 15 000 хектари е познат по живописните фосилизирани дрвја. Геологот Николас Зорос од Британскиот Универзитет веќе подолго време работи на ископување на фосилизираниот екосистем со цел да се реконструира, собирајќи вредни информации од од растенија и животни кои живееле во таа шума.
“Особено значајно е што дрвото е пронајдено со гранки кои се непроменети од главното стебло. Тоа е уникатно откритие, бидејќи досега немаме слично во областа на скаменетата шума. Фосилот од дрвото е зачуван во одлична состојба и со негово проучување ќе можеме да го идентификуваме типот на растението од кое потекнува” – истакна професорот Зорос.
Фосилот од дрвото е подигнат од местото со помош на специјална дигалка и метална платформа, а потоа транспортиран на безбедно место каде што може стручно и детално да биде проучуван од експерти.
Пронајденото дрво е долго 19,5 метри. Голем број лисја од дрвја се пронајдени на истото место, заедно со животински коски во оваа област.