Која е најстарата раскажана приказна во светот?

„Одамна, четири џинови пристигнаа во Југоисточна Австралија. Додека тројцата се упатија кон другиот крај на континентот, едниот одлучи да остане токму таму. Наскоро неговото тело се претвори во вулкан наречен Баџ Бим, а забите му станаа лавата што ја исфрли“…

Ова е приказна која потекнува од абориџинското племе Гандимамара во југозападна Викторија во Австралија и која сега се смета дека има основа во реалноста. Имено, утврдено е дека пред околу 37.000 години, Беџ Бим и другите блиски вулкани настанале преку брзи ерупции, што укажува дека оваа легенда е можеби најстарата приказна што некогаш е кажана.

Шон Улм, археолог од Универзитетот Џејмс Кук, кој не беше вклучен во истражувањето, вели дека тоа покренува многу провокативни прашања: „Интересно е да се мисли на овие традиции како нешто што трае десетици илјади години. Треба да се биде многу внимателен, бидејќи се верува дека ниту една друга приказна не била пренесена толку долго време“.

Од друга страна, тимот кој работи на неодамна објавената студија „Рана човечка окупација на југоисточна Австралија: Нови сознанија од датирањето на младите вулкани“, верува дека ненадејната ерупција навистина оставила голем впечаток врз населението, што пак измислило приказна за четири џинови.

Не е јасно колку долго живеел Гандимаре во југозападниот дел на денешната австралиска држава Викторија, но до сега најстарите прифатени докази за населување на луѓето во оваа област не се стари повеќе од 13.000 години.

Геологот Ерин Мачан од Универзитетот во Мелбурн вели дека во текот на 1940 -тите, археолозите пријавиле откривање на камена секира во близина на античкиот вулкан Тауер Хил во истиот регион. Секирата покажува дека луѓето живееле во таа област и пред ерупцијата, бидејќи била пронајдена закопана под вулкански карпи. Макан и нејзиниот тим извршиле датирање на карпите и резултатите ги споредиле со оние од поранешниот вулкан Беџ Бим, околу 40 километри северозападно. Методот што го користеле сугерира дека двата вулкана се формирале пред околу 37.000 години и се чини дека и двата одеднаш се создале. Ерупциите на овие два вулкана веројоатно влијаеле жителите да измислат разни приказни за нив, тврдат истражувачите.

Иако во следните години немало други големи вулкански ерупции во областа што можеа да ја инспирираат приказната за четирите џинови, Мачан вели дека нејзиниот тим не инсистира дека оваа приказна за Абориџините е најстарата во светот.

Патем, абориџинските приказни се веќе меѓу најстарите познати. Патрик Нан, географ на Универзитетот Сончев брег во Австралија, е коавтор на студија од 2015 година, која покажа дека дури 21 заедница низ Австралија независно „одржуваат во живот“ приказни за епизоди на покачување на нивото на морето што потопија делови од брегот. Нан вели дека овие приказни би можеле да бидат стари 7.000 години – односно пет пати помлади од приказната на Абориџините за гигантите што го создале вулканот.

Поддржете ја нашата работа: