10 извонредни, но не толку познати жени

Иако не е потребен посебен повод да ве потсетиме на секојдневните достигнувања на жените – од домаќинките, па до жените што се во науката, сепак во чест на меѓународниот ден на жената ви претставуваме некои неверојатни достигнувања на жените во областа на науката, за кои можеби и не сте слушнале.

  1. Каролин Порко – планетарен научник

1

Порко е една од водачите на тимот за обработка на податоците од сликите на мисијата Касини, која треба да ја започне својата втора мисија кон крајот на оваа година во орбитата на Сатурн. Во текот на првата мисија, Порко беше дел од тимот кој ги откри седумте месечини и уште неколкуте нови прстени на самата планета Сатурн, додека во новата мисија таа ќе биде задолжена за снимање на половите на Сатурн, горната атмосфера и најскриените прстени. Нејзиното излагање во „TED talks“ е непроценливо.

  1. Лин Маргулис – еволутивен теоретичар (1938 – 2011)

2

Пионерската работа на Маргулис во полето на еволутивната биологија го смени нашето сфаќање за процесите на симбиозата во биолошката еволуција. Но, пред да добие признание за своите револуционерни истражувања, Маргулис морала да се справи со бројни критики. Едно барање да и се одобри грант било одбиено со образложението  „Вашето истражување е глупости и не се мачете повторно да аплицирате“.

Но, успехот е најдобрата одмазда. Англискиот биолог Ричард Докинс за нејзината работа изјавил „Се восхитувам на храброста и издржливоста на Лин Марголис да се држи до теоријата на ендосимбиозата. Ова е едно од најголемите достигнувања во еволутивната биологија во 20-тиот век“.

  1. Самира Муса – нуклеарен физичар (1917 – 1952)

3

Откако диплпмирала на Универзитетот Каиро во Египет, Муса била првата жена која докторирала на атомска радијација во оваа институција и првата жена асистент професор.

Таа напорно работела да ја направи нуклеарната технологија широко достапна за медицински цели и ги организирала научниците од целиот свет да создадат комитет за заштита од нуклеарната закана.

Позната е по зборовите „Ќе ги направам нуклеарните третмани достапни и евтини како аспиринот“, но за жал починала пред да да го заврши својот труд.

  1.  Мари Мејнард Дејли – биохемичар (1921 – 2003)

4

Дејли била првата Афро-Американка во САД која се здобила со докторат по хемија и добила награда од Универзитетот Колумбија во 1974 година. Таа има голем допринес за денешното сфаќање за составот и метаболизмот на компонентите во клеточното јадро. Подоцна во кариерета Дејли развила и програма за да се зголеми бројот на малцинствата во медицинските школи.

  1.  Пеги Витсон – астронаут на НАСА

5

Пеги имала два долги престои на Меѓународната вселенска станица (МВС), што ја прави најискусната жена астронаут во НАСА.

Таа стана прва жена- командант на МВС во 2007 година и за време на Експедицијата 16  го надмина женскиот рекорд за прошетки во вселената.

  1. Ајана Хауард – роботски научник

6

Хауард е роботски научник и е прогласена за една од најдобрите млади иноватори во светот. Еден од нејзините најголеми придонеси е дизајнирањето на роботи кои го проучуваат влијанието на глобалното затоплување врз мразот на Антарктикот. Хауард работела неколку години за „Jet Propulsion Laboratory“ на НАСА, пред да премине на нејзината сегашна позиција како професор по роботика на Институтот за технологија во Џорџија.

  1. Мери Кенет Келер – компјутерски науки (1913-1985)

7

Келер била католичка калуѓерка, пионер во компјутерските науки, која станала една од првите двајца луѓе во САД кои докторирале во оваа област во 1985 година. Претходно, Универзитетот Дортмунда го прекршил правилото да прима „само мажи“ и ѝ дозволил на Келер да работи во центарот за комјутерски науки каде што помогнала да се развие компјутерскиот јазик „BASIC“.

  1.  Меј Керол Џемисон – Астронаут на НАСА

8

Меј е лекар и астронаут на НАСА и првата Афроамериканка која патувала во вселената со леталото Ендовер 12, во 1992 гдина. Пред тоа, таа работела како лекар за Мировниот корпус, а сега е и директор и основач на две технолошки компании.

  1. Ида Нодак – хемичар и физичар (1896-1978)

9

Нодак била германска физичарка и хемичарка која три пати била номинирана за Нобеловата награда, но никогаш не ја добила. Таа и нејзиниот сопруг го откриле 75-тиот елемент – рениум, а во 1934 таа била првата која спомнала идејата за нуклеарна фисија.

  1. Арфа Карим – (1995-2012)

10

На своја деветгодишна возраст таа станала првиот сертифициран професионалец на Мајкрософт во светот. Помеѓу другите награди, добитник е и на златниот медал од областа на науката и технологијата на „Фатима Џина“, како и наградата за гордост и ефикасност што ја доделува претседателот на Пакистан, која обично ја добиваат лица за извонредни достигнувања во текот на целокупната кариера.

За жал, извонредната кариерата на Карим била прекината на нејзина 16-годишна возраст, кога починала, после еден епилептичен напад кој завршил со фатален срцев удар.