10 начини да избегнете претерано седење

Едно неодамнешно истражување покажа дека, особено кај жените, седењето во слободно време може да доведе до појава на различни видови на рак.

Научниците од Американското здружение против рак сметаат дека жените кои го поминуваат своето слободно време седејќи, се изложени на поголем ризик за појава на миелом, рак на дојка или рак на јајниците, додека пак кај мажите не е забележана оваа појава.

Според информации од печатот, научниците предводени од д-р Алпа Пател го споредувале ризикот за појава на рак од седењето во слободно време кај повеќе од 146 илјади мажи и жени (69.260 илјади мажи и 77.462 илјади жени) коишто не биле заболени од рак и доброволно се пријавиле во истражувањето на Американското здружение против рак.

Во периодот од 1992-та до 2009-та година, 18.555 илјади мажи и 12.236 илјади жени биле дијагностицирани со рак. Истражувачите откриле дека шансата за добивање на рак кај жените е за 10 проценти поголема отколку кај мажите, дури и со влијанието на индексот на телесна маса, физичката активност и многу други работи.

Па, што би можеле да направите за да се изборите со негативните последици од седењето, особено кога вашиот ден е исполнет со време кога седењето ви е единствена опција? Ви претставуваме неколку идеи за да седите помалку и да се движите повеќе, особено за време на вашиот работен ден:

1. Качете се по скали, наместо со лифт. Доколку вашата компанија се наоѓа на првиот кат, паркирајте се колку што е можно подалеку од влезот, со цел да пешачите што повеќе.
2. Зборувате многу на телефон? Тогаш станете и зборувајте. Истражувањата покажуваат дека гласот ви звучи подобро додека стоите.
3. Имајте состанок во одење.
4. Пешачете после ручекот, или искористете ја паузата за ручек за пешачење, па потоа ручајте на вашата работна маса.
5. Пијте многу вода.
6. Размислете за работна маса која може да ја прилагодувате и за седење и за стоење.
7. Имајте потсетник. Искористете го својот телефон или компјутер за да ве потсети да се движите на секој саат.
8. Правете мини вежби на вашата работна маса. Можеби звучи малку смешно, но вашето здравје е сериозна работа.
9. Доколку сакате да зборувате со некој, станете и одете кај него, наместо да се јавите или испратите меил.
10. Бидете благодарни за домашните обрвски за кои е неопходно движење.

Постојат и многу други начини за да ве држат во движење во текот на денот. Најдобро е да си најдете другарче за да се мотивирате еден со друг, за да свртите некое кругче околку вашата канцеларија секој час или да одите пеш накај работа.

Овие правила не се тешки, сепак, сфатете ги како некоја насока за водење на поактивен живот.

Но, и стоењето не е решение. Може да доведе до исто толку проблеми како и седењето, особено доколку стоите 75 проценти од вашиот ден.

Она што треба да го направите е да ја најдете златната средина. Тоа место каде што ќе стоите и ќе седите еднакво во текот на денот. Кога ќе го најдете, ќе сфатите дека се чувствувате подобро и имате повеќе енергија, што доведува до поголема продуктивност во текот на денот.

Поддржете ја нашата работа: