10 необични начини за третман на еректилна дисфункција

Мажите што имаат проблем со ерекцијата, денеска ја имаат вијаграта. Оваа мала сина таблета докажано го решава проблемот со ерекцијата, но може да предизвика и несакани ефекти и да го загрози здравјето.

За среќа, постојат и бројни други алтернативи за вијаграта што можат да им помогнат на мажите со овој проблем.

Во видеото „Топ 10 чудни алтернативи на вијаграта“ се прикажани алтернативи за кои се тврди дека можат да го подигнат духот на мажот, кога се работи за сексуалните перформанси. Еректилната дисфункција ги мачи мажите со векови, па погледнете што сѐ може да го реши овој проблем (следи превод).

ПредходнаСледно

11 10.Инјекции за пенис

За време на своето владеење со нацистичка Германија, Адолф Хитлер во својот пенис редовно инјектирал тестостерон, направен од семето и простатата од млади бикови. Овие инјекции практично биле раната верзија на вијаграта и му помагале на Хитлер да има сексуални односи со својата љубовница Ева Браун. Сепак, идејата хемиски коктел да се инјектира директно во пенисот не умрела со Адолф. Во 1983 година, урологот Сир Гил Бриндли, во својата машкост инјектирал папаверин. Хемикалијата му овозможила непречен проток на крв во пенисот и ерекција која траела и до 30 часа. Додека држел предавање во врска со ефикасноста на хемикалијата, а за да докаже дека навистина делува, Бриндли во еден момент ги спуштил пантолоните пред публиката. Тој навистина имал ерекција која траела за време на целото предавање. Тој дури и се прошетал во салата, повикувајќи ја публиката одблиску да ја погледне неговата гордост.

1. 10.Инјекции за пенис

22 9.Блокади на пенисот

Ви 1600-тите години, научниците откриле дека ерекцијата ја предизвикува приливот на крв во пенисот. Ова откритие довело и до првиот хируршки третман за еректина дисфункција во 1873 година. Италијанскиот доктор Франциско Парона ги блокирал вените кои ја дренираат крвта од ерекцијата и на тој начин привремено ја лечел импотенцијата. Во 2012 година, еден 21 –годишен Ирачанец случајно добил слична интервенција кога со тетоважа го боцнал пенисот. Ова предизвикало крвта побрзо да навлегува во пенисот отколку што се повлекува и тој сега има постојана ерекција.

2. 9.Блокади на пенисот

33 8.Пенис од фока

Некои азиски лекари веруваат дека пенисот од фока содржи својства што можат да ги подобрат сексуалните перформанси. Пенисот или се суши и се јаде, или се меша со тестисите и се прави напиток што се нарекува „далишен орална течност“. Пенисот е богат со омега 3 масни киселини, коишто помагаат во циркулацијата на крвта. Ова може да биде од помош при ерекцијата, но нема докази дека е ефикасно. Но и покрај сомнежите, јадењето на пенис од фока е исклучително популарно и нивната продажба носи приход од вкупно 385.000 американски долари годишно.

3. 8.Пенис од фока

44 7.Пумпи за пенис

Пумпата за пенис е измислена во 1870-тите и им помага на мажите со еректилна дисфункција да ја одржат ерекцијата. Оваа цилиндрична направа се става врз пенисот и создава вакуум околу него. Тоа ја повлекува крвта во пенисот и тој се зголемува и се издолжува. Но, пумпите не се секогаш пожелни, како што открил во 2006 година судијата од Оклахома, Доналд Томпсон. Тој бил осуден на четири години затвор, откако било откриено дека користел ваква пумпа за време на судењата.

4. 7.Пумпи за пенис

55 6.Трансплантација од животни

Во 19-тиот век, лажниот американски доктор Џон Бринкли, стекнал национална слава со трансплантацијата на тестиси од јарец во човечки скротум. Ова било направено во обид да им се помогне на лицата кои биле „сексуално слаби“. Исто така, тој ги третирал и женските пациенти со тоа што им вметнувал козји репродуктивни жлезди до нивните јајници. Трансплантираните тестиси биле секогаш отфрлани од телото на пациентот што предизвикувало инфекции, а понекогаш и смрт. Слично на ова, рускиот научник Сергеј Вороноф станал озлогласен поради неговата техника за подобрување на сексуалната функција со вградување на ткиво од тестиси од мајмун во тестисите на машките пациенти. Иако ова на Вороноф му донело слава и богатство, ефикасноста на техниката била оспорена од научната заедница.

5. 6.Трансплантација од животни

66 5.Вијагра кафе

Кафето со магична моќ е инстант кафе што се продава само онлајн и се рекламира како суплемент за подобрување на сексуалната активност. Кафето содржи хидрокситеохомосилденафил, хемикалија слична на силденафилот – активната состојка во вијаграта. Во 2010 година, Американскта администрација за храна и лекови излезе со препорака корисниците веднаш да прекинат со употреба на овој напиток, бидејќи кај некои мажи предизвикува опасно намалување на крвниот притисок. Иако досега не биле пријавени случаи на заболувања, од администрацијата предупредуваат дека во потешките случаи можа да дојде и до смрт.

6. 5.Вијагра кафе

77 4.Шпанска мушичка

Шпанска мушичка се таблети кои илегално се продаваат преку интернет како замена за вијагра. Таблетата содржи исушено тело од јужноевропската зелена бубачка – Шпанска мушичка, цинк, естроген и два отрови – стрихнин и јохимбин. Во високи дози стрихнинот може да доведе до смрт за само 15 минути. Шпанската мушичка делува на тој начин што создава брз проток на крв во сексуалните органи, но исто така, предизвикува и иритација на уринарниот тракт создавајќи чувство на печење. Во 1991 година, еден маж од Вирџинија добил напади откако зел една од овие таблети. Истржувањата направени од Американската администрација за храна и лекови не успеале да докажат дали таблетата делува или не и затоа апелираат луѓето да не ја користат.

7. 4.Шпанска мушичка

88 3.Јин и Јанг

2500 години п.н.е. кинеските филозофи верувале дека причина за имотенцијата кај мажите е пореметената рамнотежа помеѓу јин и јанг. Во древните кинески медицински книги, за лечење на импотенцијата се препорачува напиток од 22 состојки. Напитокот содржи и мелени еленски рогови и желатин од оклоп од желка, мешавина што му помогнала и на самиот цар да оди во кревет со 1.200 жени. Акупунктурата на пенисот е исто така користена, како дел од традиционалната кинеска медицина и денеска сѐ уште се користи во Кина и во САД.

8. 3.Јин и Јанг

99 2.Бичување (флагелација)

Во 1880-тите години, докторите предлагале бичување на пенисот како терапија за еректилната дисфункција. Удирањето предизвикувало прилив на крв во пенисот и околната регија, иако докторите предупредувале дека надворешните крварења ќе бидат честа појава. Постоела и можност од појава на осип. Ако ова не успеело, докторите препорачувале галванизам, или терапевтска употреба на електрична енергија. Ваквата уотреба на струјата подоцна ќе доведе до терапија со ударни бранови – многу успешна замена за вијагра.

9. 2.Бичување (флагелација)

1010 1.Убоди на пенисот

Во книгата со совети за секс, Кама Сутра, мажите се охрабруваат со оси за зголемување и возбуда на пенисот. На читетелите им се препорачува да помешаат осила од оси и масло и со таа смеса да го тријат пенисот 10 ноќи. Кога ќе почне да отекува треба да спијат на дрвен кревет со лицето свртено надолу, а пенисот да виси низ отворот во креветот. Отокот ќе го зголеми протокот на крв што ќе доведе до ерекција на црвениот отечен пенис. Зоологот Џулс Хауард го опишал својот пенис како „задоволително голем“, после убод од оси на неговите гениталии во 2015 година. Ова се случило откако тој случајно уринирал во гнездо од оси.

10. 1.Убоди на пенисот
ПредходнаСледно