Откриен генот кој е одговорен за еректилна дисфункција

Американски научници откриле генска варијација која е делумно одговорна за еректилната дисфункција. Во една статија, објавена минатата недела во списанието на Американската академија на науките (PNAS), стои дека во догледно време може да резултира со подобрување на нејзиното лекување.

Имено, на големиот синџир човечка ДНК научниците откриле одредено место на кое една генска варијација се поврзува со еректилната дисфункција.

“Кај мажи што имаат по еден примерок од оваа варијација, постои за 26 проценти зголемен ризик од еректилна функција во споредба со остатокот од машката популација. Кај групи што имаат два примерока опасноста е зголемена за дури 59%”, вели авторот на студијата, Ерик Јоргенсон.

Резултатите се базираат на податоци собрани од 36.649 пациенти од калифорниската непрофитна организација „Кајзер перманент“.

Според податоците од 2007 година, кои се однесуваат само на САД, во просек секој петти маж страда од еректилна дисфункција, но бројот се зголемува со возраста.

Авторите потсетуваат дека на оваа бројка исто така можат да влијаат дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

“Достапните начини на лекување на ова пореметување воопшто не дејствуваат на половината од мажите вклучени во лекувањето. Сепак, ако успееме да развиеме нови начини на лекување кои ќе се фокусираат на генската варијација, ќе успееме да им помогнеме” – заклучува Јоргенсон

 

Поддржете ја нашата работа: