Лекување на еректилна дисфункција со помош на матични клетки

СПОДЕЛИ

Данските научници веруваат дека го решиле проблемот со еректилна дисфункција со откривање на новиот третман на матични клетки. Со инјектирање на матични клетки во пенисот можно е да се оживеат нервите и крвните садови. Оваа постапка половиот орган го прави поголем, што со вијаграта не може да се постигне.

Како што пишува „Сандеј Тајмс“, постапката засега се применува на мажи кои поради карцином им е отстранета простатата. Како последица на оперцијата може да се јави дегенерација на нервите и крвните садови во пенисот, кој поради тоа се „собира“.

Професорот Сорен Шеик, директор на данскиот Центар за регенеративна медицина повеќе детали ќе открие на состанокот на Европското здрушение за химана и репродуктивна медицина и ембриологија кој ќе се одржи во јули во Барселона.

Тој вели дека повторно добиената функција на пенисот траела повеќе од една година, но предупредува дека се потребни испитувања на подолг период за конечни проценки.

Проф. Шеик додава дека терапијата со матичните клетки може да им помогне на милиони луѓе кои имаат еректилна дисфункција поради други болести како што се: дијабетес, срцеви болести, висок крвен притисок или стареење. Матичните клетки може да израснат во многу различни ткива на човечкиот организам како нервите, црниот дроб, бубрегот, а се ефикасни во изградба на крвните садови.

За време на постапката со липосупкција се отстрануваат масните ќелии од абдоменот, а потоа од нив се одвојуваат матични клетки, кои се инјектираат во пенисот на пациентот.

Последните две децении интересот за терапии со матични клети значително нарасна.  Меѓутоа научниците предупредуваат дека се потребни години истражувања пред да се дојде до вистински терапии.

Проф. Шеик вели дека процесот засега напредува, но патот на испитувањето е навистина долг.

Дискусија

Коментари