Постојат многу начини на коишто сексот може да биде катастрофален за нас. Во ова видео, може да ги погледнете ретките медицински состојби кои можат да влијаат на физичкиот и менталниот аспект на сексот.
На пример, постои „пореметување на постојано генитално возбудување“, состојба каде што луѓето, обично жените, се постојано на работ на оргазам, без разлика на тоа колку несакано или незгодно може тоа да биде. Спротивно од ова, кај мажите се јавува „хиперсексуалност“, се’ уште контроверзна зависност со која мажите компулсивно практикуваат сексуално однесување како што е мастурбација или гледање на порно филмови до дванаесет часа на ден.
Од друга страна, постои „вагинизмус“, состојба во која жените не можат да имаат пенетрација без ужасна болка. Мускулите на вагината самите се стегаат, понекогаш и целосно, со што дури и употребата на тампони станува невозможна. Кај мажите пак, се јавува „пријапизам“- васкуларна состојба во која пенисот исполнет со крв одбива да стане мек, дури и по ејакулација и оргазам. Доколку ова ви звучи забавно, сепак, иако во ретки случаи , може да предизвика гангрена на пенисот.
https://www.youtube.com/watch?v=6LHRXSO9IH0