1. Најниската температура е измерена на Антарктикот во 1983 година и изнесувала неверојатни – 126,8 степени Целзиусови.
Постојано покриен со мраз, Антарктикот е најладното место на Земјата, но температурите од – 100 степени Целзиусови ретко се забележуваат на планетава.
2. Најголемиот водопад всушност се наоѓа во море
Се работи за една необична карактеристика на Атлантскиот океан каде водата од западната страна на Данскиот теснец што се наоѓа помеѓу Гренланд и Исланд паѓа од височина од неверојатни 3.505 метри. Овој пад се случува поради разликата во температурите на водите од двете страни на подводниот теснец,
3. Под морињата и океаните се откриени реки
Тешко е да се поверува, но под морињата и окаените постојат водени текови кои научно се класифицирани како реки. Најголемиот воден тек кој е откриен под Црното море ги има сите карактеристики на копнена река. Оваа река е 350 пати подолга од Темза и се смета за шеста најдолга река во светот.
4. Дури и бактериите предизвикале масовни истребувања
Живите форми што некогаш постоеле на Земјата биле уништени главно како последица од удар од метеорити или вулкански ерупции. Се верува дека и ерата на диносаурусите завршила како последица од ваквите потреси на Земјата.
Но, не се сите изумирања предизвикани на ваков катастофален начин. Се смета дека пред 2,4 милијарди години, цијанобактериите предизвикале такво труење на атмосферата што исто така довело до масовни изумирања. Научниците ова го нарекуваат „Голема кислородна катастрофа“
5. Најсушното место на планетата лежи покрај океан
Најсушното место на Земјата се наоѓа во Чиле, во пустината Атакама. Иронично, но тоа се наоѓа веднаш до Тихиот океан, кој претставува најголем воден резервоар на планетата. Во овој регион не паднал дожд во поседните 400 години.
Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Пустината Атакама – најсувото место на светот
6. Милиони удари од гром секојдневно ја погодуваат Земјата
Молњите претставуваат безопасен феномен на кој луѓето се навикнати, но силата на громовите е огромна. Научниците пресметале дека Замјата е погодена од гром просечно 8 милиони пати дневно.
7. Во зависност од индивидуалната локација, луѓето што се околу екваторот се вртат со 1.600 км на час
Заедно со Земјата, сѐ што е на неа се врти околу Сонцето во вселената.
8. Илјадници тони вселенска прашина ја бомбардира Земјата секоја година
Се проценува дека околу 40.000 тони вселенска прашина стига до Земјата секоја година.
9. Гледано од Земјата, Сонцето изгледа различно
Вистинската боја на Сонцето е бела, но атмосферата на Земјата прави тоа за човечкото око да изгледа жолто.
10. Најизолираниот голем град во светот е Хонолулу на Хаваи.
Најблиската населба се наоѓа на 3.800 километри оддалеченост.
11. На оддалеченост од само 817 км од Северниот пол, во Канада се наоѓа Алерт, најсеверното населено место на светот.
Нема постојани жители, но научници и воен персонал на смени престојуваат во ова мало населено место.
12. Во океаните се наоѓаат 20 милиони тони злато
Кога целото ова злато би можело да се извлече, секој човек би бил побогат за 4 килограми злато.
13. Земјата преживеала планетарен судар со својата близначка
Научниците велат дека Земјата имала планета близначка, наречена „Thei“ која се вртела околу Сонцето на блиска оддалеченост од орбитата на Земјата. Гравитационите сили прдизвикале нејзино распаѓање и едната половина удрила во Земјата, а од другата половина се формирала Месечината.
14. Вулканот Строболи во јужна Италија има непрекинати ерупции повеќе од 2.000 години
Исфрлајќи лава, пепел и гасови, ерупциите на овој вулкан се една од најфасцинантните појави на планетава. Постојат повеќе активни вулкани на Земјата, но вулканот Строболи го носи епитетот „Светилник на Медитеранот“
15. Генерал Шерман е името на џиновското дрво што се наоѓа во паркот Секвоја во Калифорнија, САД и претставува едно од најголемите дрва во светот.
Се проценува дека дрвото е старо помеѓу 2.300 и 2.700 години, а зафатнината на трупот му изнесува 1.487 метри кубни.
16. Средноатлантскиот гребен во Атлантикот има многубројни активни вулкани.
Се протега во правец север- југ во должина од 80 000 километри
18. Маријанскиот ров во Тихиот океан е долг 2550 километри, широк 69 км, и на места достигнува над 11 км во длабочина.
Тоа претставува едно од најдлабоките места на Земјата.
Прочитајте повеќе на Енаука.мк – 10 чудни работи за најдлабоките места во океаните
18. Во вселената, во близина на надворешната атмосфера на Земјата, лебдат преку 20.000 вештачки објекти направени од човекот.
Многу се зборува за загадувањето на животната средина и климатските промени, но на малкумина им е познат фактот за згадувањето на вселенскиот простор околу нас. Можеби ќе ве изненади, но 87% од вселенскиот отпад го сочинуваат главно делови од сателитите за кои се вели дека сега се неактивни.
19. Бајкалското езеро се проценува дека е старо 25 милиони години и содржи повеќе вода од сите пет најголеми езера во Америка заедно.
Бајкалското езеро во источен Сибир е географско чудо. Долго е преку 600 км, а широко околу 50 км и се смета за најдлабоко и најстаро езеро во светот.
20. Монт Еверест не е највисок врв на Земјата
Ако се земе во обѕир издигнувањето од базата, вулканот Мауна Кеа на Хавајските острови се издига 4.000 метри над морското ниво и околу 6.000 метри под морскто ниво. Тоа е планина со височина од околу 10.000 метри, мерено од морското дно, што ја надминува височината од 8.848 метри колку што изнесува височината на Монт Еверест мерено од морското ниво.
































