20 извонредни животни совети од еден од најдобрите психијатри на светот

Михаил Литвак е руски доктор, психиотерапевт и еден од најценетите психијатри во светот. Познат е и како креатор на посебна метода за решавање на конфликти, позната како „Психолошко аикидо“.

Ви пренесуваме 20 животни совети од доктор Литвак кои ќе ви помогне во решавање на многу животни ситуации.

1. Ако еден човек не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тогаш почнува да зборува лошо за другите.

2.Ако навистина сакаш борба, бори се за наука, а не проитив својот ближен.

3.Депресивната состојба му е дадена на човекот за да би можел да размислува за себе.

4.Никој никого не отфрла. Тој само оди напред. Оној што заостанува се смета себе си за отфрлен.

5.Ако мислите дека сте добра личност, зошто ви е потребно и  некој друг да го мисли истото за вас?

6.Правете го тоа што го сакате и не барајте дозвола. Нема да ја добиете.

7.Знаци за духовна зрелост се, способноста да се сака и добро да се поднесува осаменост. Најдобрите работи ги правиме кога сме осамени.

8.Незрела личност често знае, но не умее. Зрела личност не само што знае, туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.

9.Јас не го знам патот до успехот, но го знам патот до неуспехот-тоа е желбата секој да те сака.

10.Не постои машка или женска логика.Има само способност и неспособност да се размислува правилно.

11.Сакаш ли да знаеш кој ти е најголемиот непријател? Погледни во огледало.Победи го него и другите ќе исчезнат.

12.Постигни успех и навредите ќе ги снема.

13.Разговорот со пријателите е пријатен. Разговорот со непријателите е корисен.

14.Има само една валидна причина да се напушти работата или да сецпрекине една врска –неможноста да се постигне личен раст во дадените околности.

15.Треба да се  дели само среќата и со пријателите и непријателите. Пријателите ќе  се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.

16.Не ја бркај среќата и ќе најдеш каде престојува среќно. Среќата престојува во тебе. Патот до среќата е максимално  развивање на сите свои способности.

17.Среќата е производ на добро организиран живот.

18.Ако сакаш да докажеш нешто некому, ти постоиш само за тој човек. Ако  постоиш за себеси, тогаш нема потреба никому ништо да му докажуваш.

19.Имагинација – тоа е гласот на сите наши способности. Затоа, јас не сонувам да пеам во опера – немам ни глас за тоа. Но, кога би сонувал за тоа, јас би ги поттикувал своите способности. Затоа би направил сѐ за да станам дел од операта. Треба само да размислуваш како да го оствариш сонот. Најважно е да не се брза, тогаш соништата се остваруваат побрзо. Добро е кога човек вели-јас само се обидувам да ги остварам моите соништа.

20.Подобро е да се комуницира со добра книга, отколку со празен човек.

 

Поддржете ја нашата работа: