Некои луѓе се подобри во помнењето на факти, ликови, и имиња од другите, но постојат одредени трикови и совети кои можат да им помогнат и на оние најрасеаните меѓу нас да ги изострат своите сеќавања. Во видеото подолу Арон Топаз од „Positively Brainwashed“ ни дава неколку совети.
Според него, клучот за меморирање е лесен како „АЛИ“, а тоа е асоцијација, локација и имагинација. Во своето видео, Топаз ни покажува како тој ги користи овие три техники за да запомни практично било што. На пример, кога станува збор за помнење на низа од броеви, тој го поврзува секој збор со соодветна именка и глагол за да му помогнат во сеќавањето. Бројот 25 е Дедо Мраз кој дава подароци, бидејќи 25- ти декември е Божиќ. Бројот 07 е агентот Бонд кој држи пиштол, бидејќи Бонд е агентот 007. Овој трик помага во сеќавањето на низа на бројки и многу лесно може да се научи и реплицира.
Топаз исто така објаснува како тој ги чува неговите сеќавања во одредени места во мозокот за да му помогнат за подобро сеќавање. Местото каде што овие сеќавања се чуваат зависи од тоа колку долго тој сака да ги задржи. И за крај, тој предложува користење на нашата имагинација кога сакаме да запомниме факти бидејќи поголема е веројатноста да се сетиме на нешто смешно, чудно, насилно или сексуално.
Погледнете го видеото за да добиете подобра претстава за советите на Топез за подобрување на меморијата.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























