250 години стар часовник постави Гинисов рекорд

Наградата е интересна сама по себе, но она што е уште поинтересно е тоа што часовникот е дизајниран пред повеќе од 250 години од страна на часовничарот Џон Харисон кој во тоа време бил измејуван поради апсурдната идеја да направи часовник кој ќе биде точен до секунда во текот на 100 дена. Неговите планови биле игнорирани цели два века.

На конференцијата, по претставувањето на часовникот, научниците изјавија дека часовникот е изграден по точните спецификации на Џон Харисон и дека во текот на 100 дена загубил само пет осмини од секундата. „Ова е доста извонредно достигнување. Ова е прекрасен уред“, изјавуваат од музејот.

Харисон бил самоук столар и часовничар кој се прославил во 18-ти век по дизајнирањето на часовниците за навигација со кои морнарите можеле прецизно да ја одредат својата позиција. Интересот за неговата идеја се појавил во 1970-тите години од страна на Мартин Бургес кој изградил две верзии на часовникот, од кои втората е „часовникот Б“, на кој се работело во последниве години за да го достигне својот потенцијал.

Со оглед на тоа што механички часовници со волкава точност не биле развиени се до 20-тиот век, извонредниот дизајн на Харисон сега конечно може да се види како тоа што навистина е – ремек- дело!

 

Ова е уште една од низата приказни за луѓето што имале визии за иднината далеку пред своето време. Тажно е што вакви примери има и денес, како и фактот дека повеќето модерни држави во 21-ви век немаат развиен систем за помагање и препознавање на ваквите луѓе.

Доколку имате некоја иновација, добра идеја или иновативен прозвод, Енаука.мк секогаш ќе овозможи бесплатна промоција.

info@enauka.mk

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt