Кучето Mochi Rickert е крунисано со Гинисов рекорд за најдолг јазик на светот.
Женката Мочи поседува јазик долг 18,5 см. Сопственичката Карла Рикет вели дека доколку сакате да му го видите јазикот целосно, најдобро е пред да ја погалите кучката да и дадете путер од кикирики.
Мочи живеела 6 и пол години во семејство пред да биде посвоена од специјалистичка група која ги спасува големите кучиња.
“Мочи за нас, нејзиното семејство е жива, комична, љубезна, благодарна и лојална женка. Ова некогаш злоупотребувано и запоставено куче нè научи дека е во ред да бидеме поинакви. Ние сме горди на нејзината единствена карактеристика”, вели Карла Рикет.
Поддржете ја нашата работа: