Германецот Герит постави Гинисов рекорд во изработка на најголема и најсложена минијатура досега. Таа содржи 1.300 возови, стотици возила од кои 300 се во движење и 60 авиони.
Најпрво во минијатурата има мотиви од Германија, потоа од Америка, Скандинавија, Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Швајцарија и Италија, а во моментов ја изработува Венеција, чија изработка трае повеќе од две години. Во минијатурата има и аеродроми и многу железнички и автобуски станици кои функционираат како да се вистински.
„Во моментов ја изработуваме Венеција, а потоа ќе се изработуваат Монако и Франција. Венеција ни одзема повеќе од две години. Многу е посложено од технички аспект, а аеродромот ни беше голем предизвик, програмирањето на летовите и слетувањата ни одземаа доста време.
Се обидовме да создадеме разни манифестации и места од Венеција како карневалот, трговскиот центар Сан Марко, мостот Риалто итн. Навистина се обидовме да ги претставиме убавините и различностите на Венеција во оваа мала површина“, вели Герит, коизведувач на минијатурата.
Во минијатурата исто така има мориња, плажи и бродови. Во изработката на делото биле вклучени и експерти од многу области како архитектура, сообраќај, електроника и слично.