3 теории за појава на шизофренија

За да ја објаснат причината за ова тешко психијатриско нарушување, едно ново истражување од Универзитетот Дјук разгледува 3 навидум неповрзани теории засновани на нерегуларности во мозокот.

Додека шизофренијата со сигурност се пренесува во семејството, генетиката е малку мистериозна. Истражувањата во минатото покажале стотици генетски мутации кои може да придонесат за развојот на оваа болест. Меѓу многуте гени, д-р Скот Содерлинг, вонреден професор по клеточна биологија и невробиологија на универзитетот, одлучил да истражува само еден – генот „Arp2/3“ која го регулира формирањето на синапси (комуникациски врски меѓу невроните). Важно е да се напомене дека „Arp2/3“ е поврзан со неколку психијатриски нарушувања.

Така, истражувачите го отстраниле овој ген кај група на глувци, за да ги согледаат неговите ефекти. Однесувањето на глувците било слично на она на шизофреничарите и се влошувало со текот на времето (исто како и кај луѓето со оваа ментална болест).

Претпоставувајќи дека ова е точен модел на шизофренија кај глувците, научниците истражувале 3 одделни теории за да ја објаснат причината.

Првата теорија е заснована на фактот дека научниците забележале помалку дентритични боцки (пипала на крајот на невроните кои примаат синаптички сигнали од другите клетки) во предните региони на мозокот кај шизофреничарите. Кај глувците, по отстранувањето на генот, исто така биле забележани помалку дендритични боцки. Покрај тоа, како што глувците старееле, така се повеќе ги губеле.

Втората теорија ја припишува причината за шизофренија на хиперактивните неврони во предниот дел на мозокот, особено регионот кој е вклучен во донесувањето на одлуки. Истражувачите ја забележале оваа карактеристика кај глувците на кои им бил отсранет генот, но, токму тоа и ги збунило. Доколку има помалку дендритични боцки кои ја попречуваат комуникацијата помеѓу клетките би требало да има помала активност, а не поголема. Така истражувачите откриле дека невроните кај овие глувци ги заобиколувале дендритите и тоа ја предизвикувало хиперактивноста.

Последно, третата теорија вели дека покаченото ниво на допамин кај шизофреничарите може да се главната причина за оваа состојба. (Лековите за шизофренија се ефикасни бидејќи го блокираат допаминот во мозокот). Глувците покажале потешкотии во моториката слични на луѓето и кога биле третирани со лекови, симптомите се намалиле. Ова сугерира дека глувците, исто како и шизофреничарите, имаат премногу допамин во мозокот.

Севкупно, комбинираните резултати откриваат како три одделни патологии, на најмало молекуларно ниво, може да се спојат и да предизвикаат психијатриско нарушување.

Научниците се надеваат дека ова истражување ќе допринесе за развојот на нови третмани за оваа состојба.

Поддржете ја нашата работа: