„Дрвјата“ се во можност да ја собираат соларната енергија и на отворен простор и внатре, да ја складираат и да создадат доволно електрична енергија за напојување на помали апарати како мобилните телефони и ЛЕД – сијаличките.
Техничкиот истражувачки центар „ВТТ“ е најголема мулти-технолошка организација за применети истражувања во Северна Европа и е непрофитабилен дел од финскиот иновативен систем во доменот на Министерството за вработување и економија.
Ова доаѓа како резултат на новите методи за масовна продукција, што им овозможува на дизајнерите да создаваат објекти од органски соларни панели – или (OPV), органски фотоволтаици – кои се доволно сензитивни да може да собираат енергија од внатрешното осветлување или од сончевата светлина.
Ултра тенките соларни панели се дебели околу 0,2мм. и ги содржат електродите и полимерните слоеви, што заедно со графиката им го дава изгледот.
Тимот на „ВТТ“ испечатил фотоволтаични ќелии во облик на лист од кои секој има површина од 0,0144 квадратни метри и ги содржи конекциите и потребните инсталации и – како што велат тие – 200 „OPV листови“ може да генерираат 3,2 ампери електрична енергија и моќ од 10,4 вати – на отворено, при сончеви услови – на формација од еден квадратен метар.
Лесно свитливи и многу лесни, „листовите“ се произведуваат со методата „roll-to-roll“, која овозможува производство и до 100 метри слоевит филм во минута.
Кога работниот век на „листовите“ ќе заврши – веројатно после неколку години – „OPV“ панелите може да се рециклираат.
„ВТТ“ исто така развива „roll-to-roll“ метода која користи неоргански соларни панели од перовскајт (perovskite), што може да отвори нова можност за примена на печатените соларни ќелии.
„Листовите“ се прицврстени на 3Д печатени „стебла“, направени од биоматеријал на база на дрво, исто така направени од „ВТТ“. Тие се флексибилни и дизајнирани да формираат електричен систем заедно со каблите за жиците кои ја пренесуваат енергијата до конверторот.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусијата на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.